Парк Бристол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Парк Бристол
МестоБелград
Површина12 ha
СоздаденПочеток на 20 век
СопственикЈКП „Зеленило Белград“

Парк Бристол е парк во Белград во општината Савски Венец.

Локација[уреди | уреди извор]

Паркот се наоѓа на Караѓорѓева улица, а е опкружен со улиците Хаџи Никола Живковиќ и Железничка. Се наоѓа помеѓу Белградската автобуска станица и Автобуската станица „Ласта“. На источната страна на паркот, преку Караѓорѓева улица, се наоѓа Економскиот факултет на Универзитетот во Белград и уште еден парк, Паркот Лука Ќеловиќ. Северно од паркот се наоѓа хотелот „Бристол“, по кој го добил името овој парк.[1]

Паркот низ историјата[уреди | уреди извор]

Пред да се создаде, земјиштето на кое денес се наоѓа паркот Бристол му припаѓало на Лука Ќеловиќ, претседател на управдниот одборот на Белградската задруга и еден од најбогатите и највлијателните Срби на почетокот на 20 век. Ќеловиќ успеал да добие дозвола од градските власти да изгради градина во европски стил на просторот на денешниот парк и таму да засади рози, дрвја и украсни растенија, за кои тој лично се грижел со години. Точната година на основањето на паркот не е позната, но веќе во 1910 година бил на разгледници, што го прави еден од најстарите паркови во Белград. Паркот бил целосно развиен во периодот од 1910 до 1920 година. Проектантот на паркот не е познат, но познато е дека паркот првобитно се викал Николски или парк Свети Никола, но со текот на времето името било сменето, па го добил името Парк Бристол, по хотелот до кој се наоѓа.

Првично, паркот се протегал од хотелот Бристол до Главната железничка станица, вклучувајќи го и подрачјето што денес го користи Белградската автобуска станица.

Кога Германците во 1942 година го изградиле Савскиот мост, изградиле и пристапна улица која го поделила паркот на два дела. Срушен е делот од паркот кој останал во близина на железничката станица, за да се изгради нова автобуска станица. Кога станицата била проширена во 1984 година биле уништени и последните остатоци од тој дел од паркот, а од првобитниот саден материјал останал само еден чинар, кој е засаден веројатно при создавањето на паркот. Покрај чинарите, дел од скалите кај Караѓорѓева улица се и од времето на изградбата на паркот од страна на Лука Ќеловиќ .

Иако Лука Ќеловиќ го изградил паркот Бристол, градската власт во 2004 година паркот од другата страна, кој дотогаш се викал Парк кај Економскиот факултет, го добил името Парк Лука Ќеловиќ, иако овој добродетел, историски гледано, нема никаква врска со овој парк.[2]

Одлики на паркот[уреди | уреди извор]

Паркот Бристол зафаќа површина од 12.238 m2 и е реновиран во 2004 година. Овој парк се издвојува како важна зелена површина во Белград, не само поради неговата богата историја и фактот што е наследство на еден од најголемите добродетели на Белград, туку и поради неговата специфична локација. Сите посетители кои доаѓаат со автобуси во Белград, влегуваат во градот преку овој парк.

Посебна вредност на овој парк е Крстот од Малото пазарче, изработен од црвеникав камен, споменик кој датира од 1862 година.[2] Овој споменик го купил белградскиот трговец Ќира Христиќ во Пешта и го поставил пред поранешниот хотел „Босна“, во спомен на востаниците на Караѓорѓе. По изградбата на зградата на Белградската задруга, Лука Ќеловиќ го преселил споменикот во овој парк.Заедно со Возаревиот крст, Крстот од Малиот пазар е еден од најстарите споменици во Белград. Од 1987 година, претставува недвижно културно богатство како споменик на културата .[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Beograd - plan i vodič. Geokarta. 1999. ISBN 978-86-459-0006-0.
  2. 2,0 2,1 2,2 Vasiljević, Branka (21. 4. 2014). „Park na raskršću puteva i istorije“ (Serbian). Politika. стр. 15. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. Завод за заштиту споменика културе града Београда/Крст са Мале пијаце

Литература[уреди | уреди извор]