Паркинг сензор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ултразвучен паркинг сензор

Паркинг сензорите се сензори за близина, кои се користат во возилата и го олеснуваат паркирањето на возачот, со давање сигнали доколку возилото е блиску до некој ѕид или друго возило. Овие сензори можат да работат на принцип на електромагнетни бранови или ултразвук.

Ултразвучни системи[уреди | уреди извор]

Овој вид на сензори, користат ултразвучни сензори за присуство кои го мерат растојанието од околните објекти преку сензори кои се наоѓаат на браникот од автомобилот.

Овие сензори емитуваат акустични звуци, а контролен уред го мери времето за кое звукот се одбил, а со тоа го мери растојанието. Сензорот го информира возачот за близината преку звучни сигнали, со различен звук за различна далечина. Сензорите може да ги прикажуваат информациите преку LED или LCD екран.

Задните сензори може автоматски да се активираат кога се вози назад, а да се деактивираат кога било која друга брзина е пуштена. Предните сензори може да се пуштаат рачно и да се деактивираат автоматски при постигнување на одредена брзина, со цел да нема непотребни известувања.

Ултразвучните системи го користат рефлектирањето на звучните бранови, но тука има одредени недостатоци, бидејќи може да не се откријат рамни објекти или објекти кои се многу мали да рефлектираат звук - т.е. тенки објекти хоризонтално насочени према возилото, тенка шипка. Рамни објекти, кои се под агол према сензорите, може целосно да ги одбијат ултразвучните сигнали, а со тоа нема да се детектираат.


Електромагнетни системи[уреди | уреди извор]

Електромагнетниот сензор го користат бавното возење на автомобилот кон објектот кој треба да се одбегне. Штом е откриен објектот, доколку возилото застане, сензорот дава сигнали дека има објект. Ако возилото продолжи да се движи, сигналот станува посилен и посилен поради приближувањето на објектот. Електромагнетните паркинг сензори кои се продаваат, не се монтираат со бушење на браникот, туку се монтираат во внатрешноста на браникот.