Прејди на содржината

Париско метро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Париско метро
Métro de Paris
france
Општо
Сопственик
RATP (инфраструктура)
МестоПариска агломерација
Тип на превозМетро
Бр. на линии16 (нумерирани 1–14, 3бис и 7бис) со уште 4 во градба, 1 во план
Бр. на станици320[1]
Патници дневно4,16 милиони (2015)
Патници годишно1.520 милијарди (2015)[2]
Сообраќање
Почнал19 јули 1900; пред 124 години (1900-07-19)[3]
ПревозникRATP
Бр. на возила700 воза [се бара извор]
Технички податоци
Долж. на системот245.6 kм (152.6 ми)[3]
Колосек1.435 мм
Напојување750 V DC Трета шина
Воз од видот MP73 на линијата 6 во близина на станицата Паси.

Париското метро (француски: Métro de Paris) — патнички железнички систем од затворен вид што ја опслужува париското метрополитенско подрачје (Париз и неговата поширока околина). За време на повеќе од еден век работа, ова метро станало едно од знаменитостите на Париз; најмногу поради оригиналната и посебна украсување на станиците во стилот арт нуво. Поголемиот дел, или 197 од 214 километри од системот, се под земја. Париското метро има 16 линии, а тие се нумерирани од 1 до 14, како и 3бис и 7бис (кои, всушност, се одграноци на линиите 3 и 7 кои се бројат како посебни линии). Линиите опслужуваат 303 станици, додека на 62 можно е префрлање на други линии.

Знак на влезот во метро станица. Овој вид ознака датира од 1909 година.

Париското метро е втор најпосетуван метро систем во Европа (по Московското метро) и десетти најпосетуван во светот. Во 2015 година превезол 1,52 милијарди патници или 4,16 милиони дневно. Станицата Шателе - Ле Зал (Châtelet - Les Halles), со 5 метро линии и 3 линии РЕМ (Регионална експресна мрежа на Ил де Франс), е најголемата метро станица во светот. Во 2016 година Парискиот метро систем е рангиран како најдобар транспортен систем во светот според ITDP.

Воз од видот MF67 на линијата 5 во близина на депото Бобињи.

Историја

[уреди | уреди извор]
Првите линии на париското метро биле изградени со методот пресечи и покриј.
Станицата Шателе на линијата 14, отворена во 1998 година.

Првата линија била отворена на 19 јули 1900 година за време на Светската изложба. Целиот систем брзо се ширел до Првата светска војна, така што железничките пруги во самиот град биле завршени до 1920-тите. Проширувањата кон предградијата и кон пошироката околина се изградени после 1930-тите.

По Втората светска војна, метрото претрпе модернизација и подобрување. Беа воведени понови композиции на возови за да се задоволи побарувачката за зголемен сообраќај. Се воведува и нов подземно-надземен железнички систем - RER, развиен од 1960-тите. Со своите пет линии (A, B, C, D и E), тој претставува дополнителна железничка мрежа за регионот на Париз.

Ла Дефанс - Шато де Венсен

  • отворена: 1900
  • бр. на станици: 25
  • должина: 16,6 км
MP73 на линијата 6 ја преминува Сена


Порт Дофин - Насион

  • отворена: 1900
  • бр. на станици: 25
  • должина: 12,3 км
MF67 на линијата 3 ја напушта станицата Вилје

Пон де Левалоа - Галиен

  • отворена: 1904
  • бр. на станици: 25
  • должина: 11,7 км
MP89 на линијата 4 влегува во станицата Данфер-Рошеро

Порт де Лила - Гамбета

  • отворена: 1971
  • бр. на станици: 4
  • должина: 1,3 км
MF01 на линијата 5 на станицата Гар д'Остерлиц


Порт де Клињанкур - Мери де Монруж

  • отворена: 1908
  • бр. на станици: 27
  • должина: 12,1 км
Станицата Мирабо на линијата 10


Бобињи - Плоштад Италија

  • отворена: 1906
  • бр. на станици: 22
  • должина: 14,6 км
MF77 на линијата 13 влегува во станицата Лиеж


Шарл де Гол - Етоал Насион

  • отворена: 1909
  • бр. на станици: 28
  • должина: 13,6 км
MF67 на линијата 12 на станицата Солферино

Ла Курнев - Вилжуиф, Мери д'Иври

  • отворена: 1910
  • бр. на станици: 38
  • должина: 22,4 км


Луј Блан - Пре Сен Жерве

  • отворена: 1967 година
  • бр. на станици: 8
  • должина: 3,1 км

Балар - Поант ди Лак

  • отворена: 1913 година
  • бр. на станици: 38
  • должина: 23,4 км

Пон де Севр - Мери де Монреј

  • отворена: 1922
  • бр. на станици: 37
  • должина: 19,6 км

Булоњ - Гар д'Остерлиц

  • отворена: 1923
  • бр. на станици: 23
  • должина: 11,7 км

Шателе - Мери де Лила

  • отворена: 1935
  • бр. на станици: 13
  • должина: 6,3 км

Фрон попилер - Мери д'Иси

  • отворена: 1910
  • бр. на станици: 29
  • должина: 13,9 к

Шатијон-Монтруж - Сен Дени, Ле Куртиј

  • отворена: 1911
  • бр. на станици: 32
  • должина: 24,3 км

Сен Лазар - Олимпијади

  • отворена: 1998
  • бр. на станици: 9
  • должина: 9 км

Возен парк

[уреди | уреди извор]

Возниот парк на париското метро се состои од возила со челични тркала (означени со „MF“, French matériel fer) и возила со гумени тркала (ознака „MP“, француски matériel pneu). Различни верзии од ист тип, покрај ознаката на типот, имаат и двоцифрена ознака на годината на дизајнирање (на пр. MF88, возило со челични тркала дизајнирано во 1988 година).

Во моментов се прошируваат три линии: 4, 8 и 12. Има и други барања за продолжување на уште неколку линии.

  1. „The Metro: a Parisian institution“. RATP. Архивирано од изворникот на 18 February 2017. Посетено на 29 January 2014. The Montmartre funicular is considered to be part of the metro system within which is represented by a 303rd fictive station, "Funiculaire".
  2. „RAPPORT D'ACTIVITÉ 2015“ (PDF). STIF. стр. 18. Архивирано (PDF) од изворникот 20 December 2016. Посетено на 17 March 2017.
  3. 3,0 3,1 „Brief history of the Paris metro“. france.fr – The official website of France. Архивирано од изворникот на 26 September 2013. Посетено на 21 September 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]