Париетална клетка
Изглед
| Париетална клетка | |
|---|---|
![]() Париетална клетка. | |
| Податоци | |
| Назнаки | |
| Латински | exocrinocytus parietalis |
| TH | H3.04.02.1.00033 |
| FMA | FMA:62901 |
Париеталните клетки се епителни клетки кои секретираат хлороводородна киселина (HCl) и интринзичен фактор. Овие клетки се сместени во гастричните жлезди во фундусот и телото на желудникот. Ензимот водород калиум ATPаза (H+/K+ ATPase) единствено се наоѓа на париеталните клетки и го транспортира H+ наспрема концентрациски градиент од 3 милиони на 1, што е најнаглиот јонски градиент формиран во човечкото тело.
