Паретова ефикасност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Линија на Паретова ефикасност (црвено) на едно дводимензионално множество со вредности (сино). Оваа линија не мора да биде непрекината и може да има прекршувања.

Паретова ефикасност или Паретова оптималност — состојба на алокација на ресурсите при којашто не е можно благосостјбата на еден поединец да се подобри без притоа да се влоши благосостојбата на некој друг поединец. Поимот е именуван по италијанскиот економист Вилфредо Парето, кој концептот го вовел во своите истражувања на економската ефикасност и распределбата на доходот. Паретово множество е множеството во коешто се вбројуваат сите Паретови оптимални вредности. Паретови критериуми, пак, се критериумите врз основа на коишто се утврдува дали одредена состојба може да се подобри со подобрување на некој параметер, т.е. Паретово подобрување, без да се влоши некој друг параметар. Ваквиот параметар Парето го дефинирал како поединец.

Паретовата ефикасност е тесен поим за ефикасност и не значи дека мора да резултира во социјално посакуваната распределба на ресурсите; оваа ефикасност не говори за еднаквост или целосна благосостојба во општеството.[1][2] Поимот на Паретова ефикасност исто така може да се примени при изборот на алтернативи во инженерството и некои поврзани подрачја. Секоја можност најпрво се оценува со помош на повеќе критериуми, а потоа се одредува подмножество на можности, така што да не постои можност којашто може да биде подобра од можностите во одреденото подмножество.

Краток преглед[уреди | уреди извор]

Ако економската алокација во некој систем не е Паретовски ефикасна, тоа значи дека има простор за Паретово подобрување, односно зголемување на Паретовата ефикасност преку реалокација, така што подобрувањата на благосостојбата на еден поединец да не ја влоши благосостојбата на некој друг поединец. Важно е да се забележи дека промената од неефикасна кон ефикасна алокација не мора секогаш да претставува Паретово подобрување. На тој начин, за никој да не биде загрозен од промената за постигнување на Паретова ефикасност, практично е потребно да бидат надоместени странките коишто се изложени на ризик. На пример, ако промената во економската политика предизвика отстранување на монопол и со тоа пазарот стане конкурентен и поефикасен, благосостојбата на монополистичкото претпријатие ќе се влоши. Загубите на монополистичкото претпријатие ќе бидат поголеми од добивките од зголемената ефикасност. Ова значи дека монополистичкото претпријатие е потребно да биде надоместено за своите загуби, додека другите учесници во економијата и понатаму би остварувале добивка.

Математичка дефиниција[уреди | уреди извор]

Ако е дадена подредената низа од елементи , тогаш оваа низа се вели дека е Паретовски ефикасна во множеството , сочинето од подредени низи, кога во множеството нема друга подредена низа од елементи , така што за секој важи и најмалку за едно важи .

Услови за Паретова ефикасност[уреди | уреди извор]

Паретовата ефикасност во една национална економија означува дека факторите на производство се искористени на оптимален начин. Тоа е случај кога се задоволени следните услови:

  1. Оптималност на размената. Маргиналните корисности на сите добра што ги троши некој поединец се еднакви. Во овој случај, поединецот ги троши добрата со максимална корисност.
  2. Оптимални фактори на производство. Маргиналните продуктивности на факторите на производство кора да бидат еднакви. Со овој услов се осигурува дека ќе биде произведено најголемото можно количество на добра.

Сепак, во современите национални економии постојат оддалечувања од овие услови. Така, монополите, екстерналиите, асиметричните информации и постоењето на јавни добра може да го нарушат функционирањето на пазарниот механизам. Во овој случај, согласно теоријата на втор најдобар избор е нејасно дали некоја мерка на производството којашто не е во согласност со поставените услови може да дејствува кон зголемување на ефикасноста.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Barr, Nicholas (2012). „3.2.2 The relevance of efficiency to different theories of society“. Economics of the Welfare State (5th издание). Oxford University Press. стр. 46. ISBN 978-0-19-929781-8. 
  2. Sen, Amartya (октомври 1993 г). Markets and freedom: Achievements and limitations of the market mechanism in promoting individual freedoms (PDF). „Oxford Economic Papers“ том  45 (4): 519–541. http://www.cs.princeton.edu/courses/archive/spr06/cos444/papers/sen.pdf. 
  3. Dieter Brümmerhoff: Finanzwissenschaft. 2007, S. 102.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Fudenberg, Drew; Tirole, Jean (1991), "Nash equilibrium: multiple Nash equilibria, focal points, and Pareto optimality", Во Fudenberg, Drew; Tirole, Jean, Game theory, Cambridge, Massachusetts: MIT Press, стр. 18–23, ISBN 9780262061414  Book preview.
  • Kanbur, Ravi (January–June 2005 г). Pareto's revenge (pdf). „Journal of Social and Economic Development“ (Institute for Social and Economic Change, Bangalore) том  7 (1): 1–11. http://www.arts.cornell.edu/poverty/kanbur/ParRev.pdf. 
  • Ng, Yew-Kwang (2004). Welfare economics towards a more complete analysis. Basingstoke, Hampshire New York: Palgrave Macmillan. ISBN 9780333971215. 
  • Rubinstein, Ariel; Osborne, Martin J. (1994), "Introduction", Во Rubinstein, Ariel; Osborne, Martin J., A course in game theory, Cambridge, Massachusetts: MIT Press, стр. 6–7, ISBN 9780262650403  Book preview.
  • Mathur, Vijay K. (Spring 1991 г). How well do we know Pareto optimality?. „The Journal of Economic Education“ (Taylor and Francis via JSTOR) том  22 (2): 172–178. doi:10.2307/1182422. http://dx.doi.org/10.2307/1182422. 
  • Newbery, David M.G.; Stiglitz, Joseph E. (јануари 1984 г). Pareto inferior trade. „Review of Economic Studies“ (Oxford Journals) том  51 (1): 1–12. doi:10.2307/2297701. http://dx.doi.org/10.2307/2297701. 
  • Dieter Brümmerhoff: Finanzwissenschaft. 9., vollständig überarbeitete und erweiterte Auflage. Oldenbourg Verlag, München u. a. 2007, ISBN 978-3-486-58483-7.
  • Eberhard Feess: Mikroökonomie. Eine spieltheoretisch- und anwendungsorientierte Einführung. Metropolis, Marburg 1997, ISBN 3-89518-276-1 ((= Kompaktstudium Wirtschaftswissenschaften. Bd. 1). 3., vollständig überarbeitete Auflage. Vahlen, München 2004, ISBN 3-8006-3069-9).
  • Amartya K. Sen: Collective Choice and Social Welfare (Mathematical Economics Texts. Bd. 5). Holden-Day u. a., San Francisco CA u. a. 1970, ISBN 0-8162-7765-6.
  • Harald Wiese: Kooperative Spieltheorie. Oldenbourg, München u. a. 2005, ISBN 3-486-57745-X.
  • Harald Wiese: Mikroökonomik. 4., überarbeitete Auflage. Springer, Berlin u. a. 2005, ISBN 3-540-24203-1.