Прејди на содржината

Парабола за двата сина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Исус и Јован Крстител (15 век).

Парабола за двата сина — една од познатите Исусови параболи, запишана во новозаветното Евангелие според Матеј (21:28–32).

Параболата раскажува за два сина, од кои едниот му е непослушен на татко му на зборови, но послушен на дела, додека другиот е послушен на зборови, но непослушен на дела.

Во оваа парабола, Исус зборува за „верниците“ кои не го прифаќаат повикот на Јован Крстител за покајание, за разлика од даночниците и проститутките кои го прифаќаат.

Парабола

[уреди | уреди извор]
А како ви се чини ова? Еден човек имаше два сина; па отиде при првиот и му рече: „Сине, оди денес да работиш во моето лозје!“ Тој одговори и рече: „Нејќам!“ Но потоа се покаја и отиде. Па како дојде и при вториот, му го рече истото. Тој одговори и рече: „Ќе отидам, господаре“. Но не отиде.

Кој од двајцата ја исполни татковата волја?”

Му одговорија: „Првиот”.

Тогаш Исус им рече: „Вистина ви велам, дека митниците и блудниците ќе ве испреварат во царството Божјо: зашто дојде при вас Јован по праведен пат и вие не му поверувавте, а митниците и блудниците му поверуваа; вие, пак, иако видовте, не се покајавте отпосле, за да му поверувате.”

Евангелие според Матеј, 21:38-32[1]

Толкувања

[уреди | уреди извор]

Во оваа алегориска парабола, Исус зборува за оние „верници“ кои мислеле дека се без грев и не ја прифатиле пораката за покајание на Јован Крстител. „Неверниците“, даночниците и проститутките, го прифатиле повикот и се покајале. Поуката од приказната е дека самоправедните религиозни луѓе се покажале полоши од грешниците.[2]


Исус на друго место во Евангелието според Матеј вели: „Не секој што ми вели: „Господи, Господи“, ќе влезе во царството небесно, туку само оној што ја исполнува волјата на мојот Отец, кој е на небесата.“[3]

Параболота за фарисејот и цариникот има слична тема.

  1. „Свето евангелие според Матеј“. 21:28-32. Свето писмо. Посетено на 28 јули 2025.
  2. Craig S. Keener, A Commentary on the Gospel of Matthew, Eerdmans. Парабола за двата сина
  3. „Свето евангелие според Матеј“. 7:21. Свето писмо. Посетено на 28 јули 2025.