Папок
Папок | |
---|---|
Женски папок | |
Машки папок | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | Umbilicus |
TA | A01.2.04.005 |
FMA | FMA:61584 |
Папок (латински: umbilicus) — белег на предниот стомачен ѕид што останува откако ќе паднат остатоците од папочната врвца кај новороденче. Сите плацентарни цицачи имаат папок, во повеќето од кој изгледа како мала линија без влакна.[1][2][3]
За некои луѓе, папокот изгледа како вдлабнатина на кожата, додека за други, напротив, како испакнатост. Покрај тоа, папоците се разликуваат по големина, облик, длабочина итн. Во зависност од возраста на лицето, папокот може да се промени. На пример, кај младинците често има испупчен облик; како што растат, папокот станува вдлабнат.
Облик на папокот
[уреди | уреди извор]Секој папок има своеобразен облик. Тој може да биде или вдлабнат (innie) или испакнат (outie), при што вдлабнатите папоци се почести од испакнатите папоци.[4]
Папокот може да биде и кружен, хоризонтално или вертикално издолжен, како и Т-образен. Во денешно време, обликот на папокот може да се промени преку пластична хирургија.
Бактерии во папокот
[уреди | уреди извор]Екипа на научници од Американскиот универзитет во Северна Каролина зела материјал од папокот на 60 доброволци, спроведувајќи генетски проучувања на бактериите пронајдени во нив. Научниците пронашле 2.368 различни вида бактерии од 60-те папоци, од кои 1.458 биле сосема нови за науката.
Еден папок може да содржи 29 вида бактерии, друг 107, но просечниот папок е дом на 67 вида микроби.
Папокот како ерогена зона
[уреди | уреди извор]Папокот е една од најчувствителните ерогени зони. Допирањето на папокот и областа под него води до еротски осеќања. Проучувањето спроведено од Чарлс Пакет од Мисурискиот универзитет покажало дека вертикално издолжените и Т-образните папоци се сметаат за најпривлечни. Луѓето што имаат сексуален фетиш за папоци можат да бидат поттикнати од различни стимули како допирање на папокот или дури и самата помисла за тој дел од телото.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Definition of NAVEL“. Merriam-Webster (англиски). 24 November 2023.
- ↑ „папок“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „папок“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Navel types, Архивирано од изворникот на 2012-06-19, Посетено на 2013-08-14
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Папок“ на Ризницата ? |