Панче Јордашевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Панче Гошов Јордашевски ( 1913 во Велес1944 во Говрлево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од работничко семејство. Татко му работел како месар. По завршувањето на средното техничко училиште, геометарски отсек, работел како геометар. Природно надарен научил повеќе странски јазици. Уште во 1943 година бил вклучен во народно-ослободителното движење за организирана борба против окупаторот. Се истакнал со низа акции против бугарскиот фашистички окупатор во Скопје. Тој дал голем придонес во сместувањето на илегалците и во испраќањето на нови борци во редовите на Четвртиот скопски партизански одред, што бил формиран на Китка. По враќањето од една акција во селото Говрлево, каде бил одржан митинг, во еден судир бил убиен во месноста Чукоец од балистичките банди.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 201. На |first= му недостасува |last= (help)