Панчаревско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Панчаревско Езеро
Панчаревско Езеро - поглед од источниот брег
Панчаревско Езеро - поглед од источниот брег
поглед од источниот брег
Вид вештачко езеро
Земји во сливот  Бугарија
Најг. должина 3 км
Најг. ширина 700 м
Најг. длабочина 30 м
Надм. височина на површината 600 м


Панчаревско Езеровештачко езеро во западна Бугарија, на реката Искар, в крајот на Панчаревската Клисура, помеѓу Лозенска Планина и Витоша, на 600 м. н.в. Должината му е 3 км, а ширината до 400 м, длабочината достигнува до 15 м. Се наоѓа на 15 км јужно од Софија. На западниот брег сместено е селото Панчарево и Панчаревските минерални извори, а во околината се наоѓаат и селата Кокалјане и Герман. Источниот брег на езерото е опколен со дабови и борови шуми. Во подрачјето на Панчаревското Езеро се изградени спортски терени и урбани објекти. Питомата природа и блискоста до Софија, го прават омилено место за излети на софијанци.

Поглед на езерото