Панкреасни островчиња
Изглед
| Панкреасни островчиња | |
|---|---|
Лангерхансови островчиња (од глушец) и нивната типична приближност до крвните садови; инсулин во црвено, јадрата во сино. | |
| Податоци | |
| Назнаки | |
| Латински | insulae pancreaticae |
| TA | A05.9.01.019 |
| FMA | FMA:16016 |
Панкреасни островчиња или Лангерхансови островчиња го сочинуваат ендокриниот дел од панкреасот. Биле откриени во 1869 од страна на германскиот патолог Пол Лангерханс. Лангерхансовите островчиња сочинуваат приближно 1% до 2% од масата на панкреасот.
Лангерхансовите островчиња се состојат главно од три видови на клетки:
- Алфа клетки кои лачат гликагон
- Бета клетки кои лачат инсулин
- Делта клетки кои лачат соматостатин
| ||||||||||||||||||