Прејди на содржината

Панкратион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борци во панкратион, античка грчка скулптура

Панкратион (грчки за „себорба“) — боречка вештина во античките грчки игри. Прв пат сигурно се спомнува во 648 година пр. н. е., во текот на 33. Олимписки игри.[1] Грците верувале дека легендарниот Тезеј го основал панкратионот. Една теорија, особено популарна меѓу Грците, е дека панкратионот стигнала до Индија со војската на Александар Велики, каде што ги започнала месните боречки вештини, а со тоа и денешните боречки вештини на Далечниот Исток како што се кунг фу и карате.

Панкратионот бил спој од борење (пале) и бокс (пигме). Исто така се користеле техники со нозете и за разлика од боксот, борбата се водела со голи раце (без ракавици или завои). Натпревар во панкратион се одржал на петтиот, последен ден од Олимписките игри. Победата се постигнувала само со нокаут, предавање или смрт на противникот. За разлика од борењето или боксот, во панкратионот немало технички правила. Ова значи дека биле дозволени удари со раце, стапала, лакти, колена и прсти, како и фрлања, лостови и болни држења, и стоечки и на подот. Единствените работи што биле забранети биле гризењето и удирањето в очи. Врз основа на овие правила, се користел секој метод за да се победи противникот. Старогрчките борци не се двоумеле ниту да го прободат стомакот со рацете и да ги искинат внатрешните органи, иако тоа се сметало за нечесно. Многу поразени борци на тој начин ја доживеале својата смрт или ја напуштиле арената како инвалиди. Имало случаи кога поразениот платил за борбата со својот живот, но поради добрата борба, тој бил постхумно признат како победник.

Борците биле наречени панкратионисти, а судијата, хеладоник, го надгледувал почитувањето на правилата и го одредувал победникот.

Еден од познатите спортисти кој постојано ја освојувал оваа дисциплина бил Теаген од Тасос. На семрежната страница на Олимпискиот комитет е наведено дека и Платон победил двапати во дисциплината панкратион.

Денес, постојат обиди да се врати панкратионот на Олимписките игри во поцивилизирана варијанта, или барем да се воспостави како посебен и сериозен спорт во облик на „панкратион алтимет“. Исто така, бразилското вале тудо и сè попопуларните „мешани боречки вештини (MБВ, англ. Mixed Martial Arts, ММА)“ и „слободни борби“ ги оживуваат традициите на борбата во слободен стил.

  1. Kyle, Donald G. (31. 12. 2014). Sport and Spectacle in the Ancient World. John Wiley & Sons. стр. 115. ISBN 978-1-118-61356-6. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]