Пане Џунов
| Пане Џунов | ||
![]() | ||
| Роден | 1925 година Ваташа | |
|---|---|---|
| Починал | 16 јуни 1943 година Моклиште, Ваташа. Стрелан од бугарскиот фашистички окупатор | |
| Националност | Македонец | |
| Татко | Методи Џунов | |
Пане Џунов ( 1925 во Ваташа — 16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнува од земјоделско занаетчиско семејство. По завршувањето на основното образование во своето родно село се запишал и завршил земјоделско училиште. Станал член на ваташката напредна младинска организација организација во 1941 година, а член на СКОЈ во 1943 година. Заедно со своите другари активно работи во собирање на Црвена помош и во спроведувањето на задачите на ваташката партиска организација. Активно работелво сместувањето и снабдувањето со храна на велешките партизани во текот на 1942/43 година.[1]

Масакрот на ваташките деца
[уреди | уреди извор]
Поради неговата активност во народноослободителното движење на 16 јуни во раните утрински часови е уапсен од страна на бугарскиот фашистички окупатор, а потоа стрелан во месноста „Моклиште”, со уште 11-мина младинци од Ваташа.[2]
- МЛАДИНЦИТЕ ОД ВАТАША
- Дел од стреланите Ваташки младинци, во младешките денови
- Дел од ѕверски убиените Ваташки младинци
- Дел од стреланите Ваташки младинци, на игранка
- Бугарскиот терор извршен во Тиквешијата - опишан од Лазар Мојсов, објавен во весникот Нова Македонија бр.28 од 3 јануари, 1945 година (среда)
- 12-те ваташки деца стрелани на 16 јуни 1943 година.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 439. ISBN 978-608-4621-04-1.
- ↑ Србиновски, Дејан (2023-06-16). „Сведоштвото на Павлина Касапинова за злосторството во Ваташа“. Слободен печат. Посетено на 2024-07-10.
