Панајотис Данглис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Панајотис Данглис
Роден 1853
Агринио, Грција
Починал 9 март 1924
Атина, Грција

Панајотис Данглис (Παναγιώτης Δαγκλής) е грчки генерал, политичар и учесник во Борбата за Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Панаjотис Данглис е роден 1853 година во Агринио, Етолоакарнаниja. Во 1878 година завршил Грчка воена академија како лајтант во артилеријата, а потоа бил на дошколување во Белгија.

Се вратил со чинот капетан и е назначен за аѓутант при француската воена мисија во Грција, која имала задача да ја модернизира грчката армија (1884 - 1887).

Шнајдер-Дангли
Даннглис при свечената презенатацјија на грчкото знаме во Солун

Даглис подоцна предавал во воената академија и учествувал во изработката на Шнајдер-Дангли топот во 1893 година. Во текот на Грчко-турската војна бил началник на І бригада во Епирскиот сектор.

Од 1904 година служи во грчкиот генерал штаб, а во 1907 година е унапреден во полковник.

Кон крајот на 1908 година ја започнал подготовката за враќање на андартските чети во Македонија. Сета акција била раководена од атинскиот комитет Всегрчка организација на чело со Данглис (а.к.а. Парменион) [1].

Во 1911 година станал генерал-мајор и во август 1912 година застанал на чело на генерал штабот. Во почетокот на Првата балканска војна бил началник на шатбот при Тесалската армија на престолонаследникот Константин, во ноември застанал на чело на грчката делегација на Лондонската мировна конференција. Во март 1913 година е унапреден во генерал лајтант и застанал на чело на Еписркиот корпус.

Кон крајот на 1914 година ја напуштил грчката армија и во 1915 година се прилкучил на Либералната партија на Елефтериос Венизелос и станал парламентарен претставник на Епир.

Влегол во владата на Венизелос и станал воен министер, го поддржувал Венизелос во неговата борба против кралот, а кон крајот на 1916 година се присоединил конј Труимвирот-Времена влада за национална заштита.

Во 1917 годинапред крајот на Првата светска војна е назначен за главен командант на грчката армија. Кон самиот крај на војната се вратил во политичкиот живот на Грција. Во 1921 година по заминувањето на Ванизелоз од земјата, застанал на чело на Либералната партија.

Умрел во 1924 година во Атина.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Даскалов, Георги. „Българите в Егейска Македония, мит или реалност“, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 88.