Панајота Даскалопулос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Панајота Даскалопулос (грчки: Παναγιώτα Δασκαλοπούλου) е професор по математика на универзитетот Колумбија[1], чие истражување вклучува парцијални диференцијални равенки и диференцијална геометрија.[2] На Универзитетот Колумбија, таа исто така работи и како директор на додипломски студии по математика.[1]

Даскалопулос дипломирала на Атинскиот универзитет во 1986 година[2] и го завршила докторатот на Чикашкиот универзитет во 1992 година, под надзор на Карлос Кениг.[3] По посета на Институтот за Напредни Студии, таа се приклучила на факултетот на универзитетот во Минесота во 1993 година, се преселила на Калифорнијскиот универзитет, Ирвин во 1995 година и повторно се преселила во Колумбија во 2001 година.[2] Таа била Гугенхајмов соработник во 2004 година,[4] и поканет говорник на Меѓународниот Конгрес на Математичари во 2014 година.[5] Таа е член на Научниот советодавен комитет на Институтот за истражување на математички науки во Беркли, Калифорнија, за периодот 2013-2017.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]