Панарски леопард
Изглед
Леопардот од Панар или Панарскиот леопард бил човекојаден леопард (мажјак) кој убил и изел околу 400 луѓе во период од неколку години. Живеел во округот Кумаон во северна Индија на почетокот на XX век. Се смета дека овој леопард бил повреден од страна на ловец и не бил повеќе способен за нормален лов на плен, па затоа се свртел кон полесен плен - човекот.
Овој леопард бил убиен во 1910 година од познатиот ловец на големи мачки Џим Корбет[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.caribbeangardens.com/plants_animals/animal-files/leopard.htm Архивирано на 1 октомври 2012 г. Animals of the Caribbean Gardens