Палихор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Палихор
Παλαιόχωρα
Палихор is located in Грција
Палихор
Палихор
Местоположба во областа
Палихор is located in Гида (општина)
Палихор
Местоположба на Палихор во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°35′N 22°30′E / 40.583° N; 22.500° E / 40.583; 22.500Координати: 40°35′N 22°30′E / 40.583° N; 22.500° E / 40.583; 22.500
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаПлати
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно392
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Палихор (познато и како Мало Палихор или Палеохор; грчки: Παλαιόχωρα или Παλαιοχώρα) — село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на пет километри југоисточно од градот Гида, на помалку од два километри северно од реката Бистрица, на надморска височина од 10 метри.[2]

Сместено е во областа Урумлак.

Историја[уреди | уреди извор]

Палихор уште од постаро време било населено со грчко население.[2]

По Првата светска војна, во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Палихор била мешана населба со 16 бегалски семејства со вкупно 51 жител.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението се занимава со земјоделство, а основни производи се памукот и шеќерната репка.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година, селото било запишано со 103 жители, а во 1920 година со 173 жители, од кои 16 бегалски семејства со 51 жител, сместени тука од грчките власти непосредно по Балканските војни. Селото во 1928 година било попишано со 181, а во 1940 година со 188 жители. Според последните пописи, бројот на жителите се движел вака: во 1951 година 254, во 1961 година 243, во 1971 година 289, во 1981 година 274, а во 1991 година 282.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 463 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 393 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 188 254 243 289 274 282 463 393
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Корифи, во кој покрај Палихор влегува и селото Корифи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 22.
  3. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928