Палестина (Перу)

Координати: 9°26′35″S 70°30′33″W / 9.4431° ЈГШ; 70.5091° ЗГД / -9.4431; -70.5091
Од Википедија — слободната енциклопедија

Палестина е село во областа и покраината Пурус во регионот Укајали во Перу, основан во 1994.[1]

Историја и обичаи[уреди | уреди извор]

Пред 1994 година, Палестина била неколку полиња каде што се чувале говеда и месното население одгледувало насади. Во 1994 година началникот на покраината Пурус дошол во областа и свикал состанок. Тој изјавил дека тука ќе основа село и дека ќе ги изгради домовите за луѓето што живеат во нивните ниви.[2]

Покрај одгледување добиток, во Палестина се одгледува ориз, пченка и овошје: ананас, банана, кокосов орев, лимон, портокал, праска, маракуја и мандарина.

Локални празници[уреди | уреди извор]

Покрај национални празници во селото се празнуваат локални годишници од основањето на местото и црквата, како и празници на жетва: садење лубеници, садење на кајва, жетва на лубеници и жетва на оризот.

Документарец[уреди | уреди извор]

Палестина е прикажана во документарниот филм под наслов „Мрежа“ (анг. Web), снимен во соработка со Фондацијата Викимедија .[3]. Основачот на Википедија Џими Велс се појавува во филмот, во кој е опишано влијанието на проектот „Еден лаптоп за секое дете“ (анг. One Laptop Per Child - OLPC) во Палестина, меѓу другото ги покажува децата во училиштето како ја пишуваат првата верзија на написот на Википедија за нивното село на шпански јазик.[4] Краток сегмент од овој документарец е достапен на Јутјуб.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Carta Nacional del Perú de Palestina. Preperado por el Instituto Geográfico Nacional (IGN) y la Agencia Cartográfica de Defensa (DMA). 1994.
  2. Paucar, Personal interview with Denise Matos. May 26, 2010.
  3. http://ahumanright.org/web/
  4. Палестина во Перу? напис од Хуан Арељано преведен на Глобал војсис на македонски
  5. Children in Peru write their own history on Wikipedia видео-клип објавен на официјалниот канал на Викимедија на Јутјуб

9°26′35″S 70°30′33″W / 9.4431° ЈГШ; 70.5091° ЗГД / -9.4431; -70.5091