Палента
| Вид | каша |
|---|---|
| Дел од оброкот | главно јадење |
| Место на потекло | Италија |
| Регион | Северна и Средна Италија[1] |
| Главни состојки | Жолто или бело пченкарно брашно, вода |
Палента[2][3] (од италијански: polenta) — јадење направено од варено пченкарно брашно кое низ историјата се правело и од други житарици. Може да се послужува како топла каша или може да се олади и стврдне во векна што може да се пече, пржи или пече на скара.
Житарица што обично се користи е жолта пченка, но често се користат и хелда, бела пченка или нивни мешавини. Грубо меленото брашно дава цврста, груба палента, а ситно меленото дава кремаста, мека палента.[4] Палентата е незаобиколен дел од северноиталијанската, швајцарската и балканската (каде што се прават слични јадења, како качамак, жгањци или мамалига) кујна (во помала мера, во средноиталијанската, на пр. тосканската, кујна). Во минатото јадењето палента традиционално се поврзувала со пониските класи, бидејќи кашата од пченкарно брашно била основна храна во нивната секојдневна исхрана.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Righi Parenti, Giovanni (2003) [1995]. „Pisa, Lucca, Livorno“. La cucina toscana [Tuscan cuisine] (италијански). Rome: Newton & Compton. стр. 384. ISBN 88-541-0141-9.
- ↑ „палента“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „палента“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Polenta – How to Cook Polenta“. mangiabenepasta.com. Архивирано од изворникот на 09. 07. 2019. Посетено на 28 September 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|archive-date=(help) - ↑ „La storia della polenta“ [The history of polenta]. I primi d'Italia (италијански). Архивирано од изворникот на 2 December 2013. Посетено на 31 January 2016.