Палацо Ферерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Палацо Ферерија
Palazzo Ferreria
Palazzo Ferreria during restoration 08.jpg
Палацо Ферерија при реставрацијата во 2017 година[1]
Поранешни називиПалацо Франсија
Општи податоци
Статуснеоштетен
Типдворец
Стилвенециска готика[2]
МестоВалета, Малта
Координати35°53′48.6″N 14°30′36″E / 35.896833° N; 14.51000° E / 35.896833; 14.51000
Наречена поЏон Луис Франсија
Завршена1876
СопственикВлада на Малта
Технички податоци
Материјалваровник
Проектирање и изградба
АрхитектЏузепе Бонавија[3]

Палацо Ферерија, официјално Palazzo Buttiġieġ-Francia,[4]дворец во близина на влезот во Валета, главниот град на Малта. Бил изграден кон крајот на 19 век.[5] Го дизајнирал архитектот Џузепе Бонавија, тој е првата градба на островите со дрвени балкони. Тој е национален споменик од прв ред.

Историја[уреди | уреди извор]

Во дворното место на дворецот постоела леарница од Малтешки редМалтешкиот ред која изработувала вооружување за витезите. Џузепе Бутиџиег и неговата жена Џована Камилери го добиле местото од владата и го изградиле дворецот Ферерија кон крајот на 19 век. На фасадата видливи се грбовите на Бутиџиег и Камилери. Дворецот ѝ бил оставен како мираз на нивната ќерка Тереза Бутиџиег. Таа се омажила за полковникот Џон Луис Франсија чие име дворецот го носел извесно време. Франсија бил шпански државјанин од британската колонија Гибралтар, и двајцата се запознала на Малта каде Франсија бил на служба со Британската армија.

Палацо Ферерија е вториот најголем дворец во Валета, после Дворецот на големиот мајстор.[5]

Во текот на Втората светска војна, повеќе градби во Валета претрпеле структурни оштетувања, Палацо Фереррија (лево) претрпел минимални штети

Семејството Франсија живеело во дворецот до после Втората светска војна, во 1947 година. Војната ги уништила или делумно оштетила повеќето градби во Валета. Работничката влада, предводена од Дом Минтоф, изнајмила дел од дворецот од Франсија за Одделот за јавни работи, за да ја обнови Валета од воените оштетувања. Семејството држело мал дел од дворецот како стан кој денес се користи како министерска канцеларија на Малтешката влада.[6] Франсија ѝ го продале дворецот на владата, која повторно ја предводена од премиерот Дом Минтоф, во 1979 година. Денес во приземјето на дворецот има повеќе продавници.[5]

Еден од влезовите на Палацо Ферерија, денес продавница за облека.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Архитектот на Палацо Ферерија бил Џузепе Бонавија, кој исто така ги проектирал Кула Белведере и Ла Борса.[7] Бонавија бил првиот архитект кој ги вовел дрвените балкони на фасадите, почнувајќи од Палацо Ферерија. Тоа имало влијание на повеќе архитекти и малтешкото населени воопшто, нешто што е сè уште видливо и денес. Дворецот е прогласен национален споменик од прв ред од страна на Малтешкиот уред за планирање и животна средина.[8]

Галерија[уреди | уреди извор]

Внатрешност на Палацо Ферерија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Scicluna, Edward (17 October 2016). „Health, Sports and Culture“. Budget Speech 2017 (PDF). Valletta: Ministry for Finance. стр. 139, 140. ISBN 978-99957-58-15-8.
  2. Bugeja, Lino (4 January 2015). "Valletta – vibrant city of many styles". Times of Malta. Retrieved 10 March 2016.
  3. Bugeja, Lino; Buhagiar, Mario; Fiorini, Stanley (1993). "Artistic, architectural and ecclesiastical aspects". ISBN 9990944024, 9789990944020. p. 454.
  4. Gauci, Joseph (19 January 2009). "Brief history of Palazzo Ferreria". Times of Malta. Retrieved 10 November 2015.
  5. 5,0 5,1 5,2 Gauci, Joseph (19 January 2009). „Brief history of Palazzo Ferreria“. Times of Malta. Архивирано од изворникот на 15 April 2012.
  6. „Ministry of Education, Employment and the Family“. malta.com. Архивирано од изворникот на 23 September 2015.
  7. Sant Fournier, Steve. „Villa Gourgion and the Lija Belvedere“. user.orbit.net.mt. Архивирано од изворникот на 2 October 2015.
  8. http://www.timesofmalta.com/articles/view/20090106/opinion/one-world-protecting-the-most-significant-buildings-monuments-and.239713

Надворешни врски[уреди | уреди извор]