Палатинуш (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Палатинуш Езеро
Palatinus-to
ПодрачјеЕстергом
Координати47°43′41″N 18°44′26″E / 47.72806° СГШ; 18.74056° ИГД / 47.72806; 18.74056Координати: 47°43′41″N 18°44′26″E / 47.72806° СГШ; 18.74056° ИГД / 47.72806; 18.74056
Сливни земјиУнгарија
Површина&100000000000000003200000,32 км2
Најг. длабочина12 м

Палатинуш (унгарски: Palatinus-tó) — езеро во Унгарија во жупанијата Комаром-Естергом, покрај градот Естергом.

Локација[уреди | уреди извор]

Околните жители езерото го викаат Пала, а официјалното име е Шаторкепустаи Езеро (унгарски: Sátorkőpusztai-tó). Тоа е најголемо езеро на Естергом и се наоѓа покрај градот Дорог, на една од падините на Пилиш Планина.

Езерото е едно од најчистите во Унгарија, со вода се снабдува од своите длабински извори, а вишокот заминува преку канал кој го спојува со потокот Кењермезеи.

Историја[уреди | уреди извор]

Езерото е вештачко. Настанало во педесеттите години на минатиот век со ископување песок за потребите на околните рудници. Својата чистота му ја должи на песокот кој станал природен филтер.

Веќе во 1953 година било основано здружение на риболовци, кое водело грижа за порибување на езерото.

Северната страна на езерото, со уредени плажи, служи за капење, додека јужната страна ја користат риболовците.

Просечната температура на езерото во лето е 19 °C.