Палата на Националниот конгрес на Бразил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Палататa на Националниот конгрес на Бразил

Палата на Националниот конгрес на Бразил (португалски: Palácio do Congresso Nacional) — зграда во којашто е сместено седиштето на Националниот конгрес на Бразил во Бразилија. Градбата била проектирана од страна на Оскар Нимаер во 1960 година.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

На хоризонталниот блок поставена е платформа на која има две полусфери одлево и одесно со полукружни облици свртени обратно од куполниот систем.

Помеѓу нив се издигаат две паралелни квадратни идентични кули на висина од 100 метри. Конгресот опфаќа и други соседни згради, од кои некои се меѓусебно поврзани со тунел.

Во декември 2007 година, биле навршени 100 години од раѓањето на Нимаер, Националниот институт за историско и уметничко наследство ја прогласил зградата на Националниот конгрес и другите 34 згради од неговиот опус за културно-историско наследство на Бразил.9[2].

Стилски одлики[уреди | уреди извор]

Оскар Нимаер е еден од најзначајните архитекти на дваесеттиот век. Ова е едно од делата во кој својата архитектонска и творечка мисла ја изразил капитално, монументално и најснажно. Во својот уметнички израз Нимаер комбинирал бетон, стакло и челик. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост.

Овој негов проект ги опфаќа сите негови мотивски преокупации реализирани на повеќе места и во различни временски интервали.

За разлика од познатата Зграда на Обединетите нации, овде, авторот до крајни граници ја реализирал својата авторска визија - давајќи му ја на објектот совршената хармонија, афирmативна монументалност и складност на егзистирање на квадратните и кружните форми, компонирајќи ги во една совршена целина.

Ова негово дело е еден од најистакнатите примери на модерната архитектура на дваесеттиот век во светот. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата, Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил при што во овој негов проект успеал да ја наруши „архитектонската гравитација“ создавајќи лебдечки и совршено избалансирани архитектонски елементи издигнати и ослободени над Земјината површина - своевидни архитектонски скулптури како и две обелискни правоаголни целини вертикално издигнати на една од највисоките градителски точки на престолнината - Бразилија. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти, туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки.[3].

Галерија[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]