Паламед (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Паламед pred Агамемнон

Паламед (старогрчки: Παλαμήδης) — лик од старогрчката митологија кој бил син на кралот на Евбеја Навплиј и Климена[1] . Тој се смета за изумител на азбуката, цифрите, монетите, вицовите, заровите, и.т.н. Тој е познат по тоа што го принудил на Одисеј да признае дека не е луд, бидејќи претходно тој се преправал бидејќи не сакал да оди да учествува во Тројанската војна, главно поради својот син. Одисеј го мразел Паламед и лажно го обвинил за предавство, за кое Паламед бил каменуван. Навплиј се одмаздил на смртта на неговиот син поставувајќи лажни светла на својот остров Евбеја и поголемиот дел од ахајската морнарица, при враќањето од Тројанската војна, загинале.

Наводи[уреди | уреди извор]