Пактот на Омар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Wikisource-logo.svg
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:

Пактот на Омар (познат и како Договорот на Омар или Законите на Омар; арапски: شروط عمر или عهد عمر или عقد عمر), е апокрифен договор меѓу муслиманите и христијаните од Сирија, Месопотамија[1] или Ерусалим[2] што подоцна добил статус на канон во исламското законодавство. Постојат неколку верзии на пактот кои се разликуваат според структурата и одредбите.[3] Пактот му се припишува на вториот калиф Омар ибн ал-Хатаб.[4] Сепак, некои ориенталисти се сомневаат во тоа,[3] и договорот го припишуваат на исламските учени од 9 век или на калифот Омар II. Овој договор не смее да се меша со „Договорот за осигурување на Омар за безбедноста на луѓето од Алија“ (al-ʿUhda al-ʿUmariyya, арапски: العهدة العمرية).

Овој пакт е список на права и забрани за не-муслиманите. Доколку се придржуваат кон правилата, на не-муслиманите им се гарантира личната сигурност, сигурноста на нивните семејства и на нивниот имот. Според Ибн Тајмија, еден од правниците кои ја прифаќаат автентичноста на пактот, не-муслиманите имале право „да се ослободат себеси од пактот на Омар и да стекнат ист статус со муслиманите ако се пријават во војска и ако се борат рамо до рамо со муслиманите во битка."[5]

Содржина[уреди | уреди извор]

Постојат неколку верзии на овој пакт, кои се разликуваат според вокабуларот или редоследот на зборовите, како и во деталите и одредбите.

Одредбите:[1][2][6][7][8][9]

  • Владетелот ќе обезбеди сигурност за христијанските верници кои ги почитуваат правилата во овој пакт.
  • Забрането е градење на нови цркви, манастири, монаси или нови ќелии. (Исто така било забрането градење на нови синагоги, иако се знае дека нови синагоги биле градени по исламската окупација, на пример во Ерусалим и Рамла. Законот за забрана на градење нови синагоги не бил нов за Евреите, но бил нов за христијаните.)
  • Забрана за поправка на уништените цркви, дење или ноќе, во нивната населба или во населбите на муслиманите.
  • Забрана за поставување крст на христијанските цркви.
  • На муслиманите мора да им е дозволено да влезат во христијанска црква (како засолниште) во било кое време, дење или ноќе.
  • Повикувањето на христијаните на молитва со црковното ѕвоно или било каков вид на гонг мора да биде тивко.
  • Забрана за христијаните и Евреите да бидат гласни за време на молитва.
  • Забрането е да учат не-муслиманските деца од Куранот.
  • На христијаните им е забрането да ја покажуваат својата религија јавно, или да бидат видени со христијански книги или симболи во јавност, на улица или на муслиманските пазари.
  • Парадите за Цветници и Велигден се забранети.
  • Погребите треба да се обават тивко.
  • Забрането е закопување на не-муслимани во близина на муслимани.
  • Забрането е чување свиња до соседи муслимани.
  • На христијаните им е забрането да им продаваат алкохолни пијалаци на муслиманите.
  • На христијаните им е забрането да им даваат покритие или засолниште на шпионите.
  • Забрането е кажување лага против муслимани.
  • Задолжително е покажување почит кон муслиманите. Ако муслиман сака да седне, не-муслиманот треба да стане од своето место и да му дозволи на муслиманот да седне.
  • Забрането е проповедање на муслиманите во обид да се преобратат од исламот.
  • Забрана за спречување на преобраќањето во ислам на некој кој сака да се преобрати.
  • Изгледот на не-муслиманите треба да е поинаков од оној на муслиманите: Забрането е носење калансуа (вид на облека што ја носеле бедуините), бедуински турбан, муслимански обувки, и марами на половината. На главите, забрана за чешлање на ист начин како муслиманските обичаи, и морале да ја исечат косата од предниот дел на главата. Исто така, не-муслиманите не смеат да го имитираат начинот на говор на арапските муслимани, и не смеат да користат во името арапски начин на именување (како на пример „абу Катиб“).
  • Обврска на не-муслиманите да се облекуваат исто каде и да одат, и секогаш да носат појас во боја или на турбанот: христијаните да носат плава боја, Евреите да носат жолта боја, зороастријците да носат црна боја, и Самаританците да носат црвена боја.
  • Забрана за јавање на животни според муслиманскиот обичај, и забрана за јавање со седло.
  • Забрана за стекнување на муслиманска почесна титула.
  • Забрана за гравирање арапски натписи на печатите.
  • Забрана за поседување оружје.
  • Не-муслиманите мора да примат дома и да го гостат Муслиман минувач, на најмалку 3 дена.
  • Забрането за не-муслимани да купат затвореник муслиман.
  • Забрана за земање роб кој претходно му е доделен на муслиман.
  • Забрана за не-муслимани да водат или да вработуваат муслимани.
  • Ако не-муслиман тепа муслиман, му се одземаат правата.
  • Објектите во кои не-муслиманите се молат, треба да се пониски од најниската џамија во градот.
  • Куќите на не-муслиманите не смеат да бидат повисоки од куќите на муслиманите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Roggema 2009, стр. 361.
  2. 2,0 2,1 Meri 2005, стр. 205.
  3. 3,0 3,1 Abu-Munshar 2007, стр. 63.
  4. Thomas & Roggema 2009, стр. 360.
  5. Ipgrave, Michael (2009). Justice and Rights: Christian and Muslim Perspectives. Georgetown University Press. стр. 58. ISBN 1589017226. 
  6. al Turtushi, Siraj al Muluk, Cairo 1872, pp 229-230.
  7. The Caliphs And Their Non Muslim Subjects, A. S. TRITTON MUSLIM UNIVERSITY, ALIGARH, HUMPHREY MILFORD, OXFORD UNIVERSITY PRESS, 1930, p.5
  8. Medieval Sourcebook: Pact of Umar, 7th Century? The Status of Non-Muslims Under Muslim Rule Paul Halsall Jan 1996
  9. The Jews of Iran in the nineteenth century [electronic resource] : aspects of history, community, and culture / by David Yeroushalmi. Leiden ; Boston : Brill, 2009.