Паксимадија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Паксимадија

Паксимадија (грчки: Παξιμάδια) — два мали ненаселени острови во заливот Месара, сместени приближно 12 километри јужно од Агија Галини во округот Ретимно. Тие се наоѓаат во Либиското Море, веднаш до јужниот брег на Крит. Поради тоа колку се блиски еден до друг, двата острови изгледаат како еден поголем остров од далечина.

Име[уреди | уреди извор]

Локалното население често ги нарекува островите Елефантаки бидејќи тие наликуваат на слонче кое лежи во вода, со сурлата свртена кон запад. Името Паксимади, е име на бисквит кој потекнува од островот Крит. Во времето на антички Крит, островите биле познати и како Дионисиои по богот Дионис и исто така како Летоаи или Летоа (старогрчки: Λητῴα)[1][2] по божицата Лето која била обожувана во Фаистос.

Митологија[уреди | уреди извор]

Во критската митологија се верува дека божицата Лето на овие острови ги родила своите деца, богот Аполон и божицата Артемида.

Плажи[уреди | уреди извор]

На овие острови има изолирани песочни плажи до кои може да се стигне со брод од Агија Галини.

Литература[уреди | уреди извор]

Островите Паксимадија имале централна улога во германскиот роман Der kretische Gast (Гостот од Крит), од Клаус Модик.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]