Прејди на содржината

Паклински Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед кон островите од Хвар

Паклински Острови се наоѓаат покрај југозападниот брег на островот Хвар, Хрватска, спроти влезот во пристаништето на градот Хвар. Името популарно се кажува и како Пеколни Острови,[1] но првично името потекнува од архаичниот збор паклина, со значење „катран“, а во овој случај се однесува на боровата смола што некогаш се користела за премачкување на бродови, а се собирала на овие острови.[2]

Главниот остров Свети Климент е наречен Велики Оток. Има 3 населби, Палмижана, Момица Поље и Влака. Во Палмижана има голема, добро заштитена марина за јахти.[3]

  1. Pakleni Otoci, Croatia Tourist Center, Croatia, Архивирано од изворникот на 2009-02-21
  2. Island Hvar, Посетено на 19 September 2009
  3. Hvar, Hrvatski Leksikon (хрватски), II, Zagreb: Naklada Leksikon d.o.o., 1997, стр. 223, ISBN 953-96728-2-1

Литература

[уреди | уреди извор]