Пазарѓа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пазарѓа
Απολλωνία
Пазарѓа is located in Грција
Пазарѓа
Пазарѓа
Координати: 40°37′N 23°36′E / 40.617° СГШ; 23.600° ИГД / 40.617; 23.600Координати: 40°37′N 23°36′E / 40.617° СГШ; 23.600° ИГД / 40.617; 23.600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаМадитос
Надм. вис.&1000000000000006500000065 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно316
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 20
Повик. бр.+30-2397-xxx-xxx

Пазарѓа или Пазаруда (грчки: Απολλωνία) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Аполонија била дел од општина Мадитос[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 59 километри источно од Солун и на 20 километри западно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, на два километри јужно од Бешичко Езеро. Во близина на селото поминува автопатот кој води од Солун кон Кавала.

Селото опфаќа површина од 32 км2.[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Моди било село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година селото Пизарџија (Pizardjia) живееле 60 Грци[4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Грци[5].

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 150 Грци[6].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било мешано со 126 семејства и 344 лица бегалци[7], додека во 1940 година селото броело 268 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 335 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 474 жители, во 1971 година имало 442 жители, во 1981 година имало 443 жители, додека во 1991 година имало 624 жители[8]. Денеска, населението на селото е 316 жители според пописот од 2011 година, додека заедно со Кокала бројот на населението е 590 луѓе.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 268 335 474 442 443 624 613 590
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (Greek). National Statistical Service of Greece. 
  4. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 33.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  8. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]