Пазар (град)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пазарско Езеро)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пазар
Γιαννιτσά
Пазар is located in Грција
Пазар
Пазар
Местоположба во областа
Dimos Giannitson.png
Координати: 40°47′N 22°24′E / 40.783° СГШ; 22.400° ИГД / 40.783; 22.400Координати: 40°47′N 22°24′E / 40.783° СГШ; 22.400° ИГД / 40.783; 22.400
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостол
Надм. вис.&1000000000000004200000042 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно33.775
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.581 00
Повик. бр.23820-2
Рег. таб.EE
Мреж. местоgiannitsa.gr/

Пазар или Ениџе Вардар (грчки: Γιαννιτσά, Јаница; турски: Yenice Vardar) — град во средишниот дел на Егејска Македонија, во западниот дел на Солунското Поле, западно од реката Вардар. Претставува седиште на општината Постол во Постолскиот округ во областа Централна Македонија. Градот се наоѓа северозападно од Солун, на патот помеѓу Солун и Воден.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 17 век било забележено дека во Ениџе Вардар мнозинството биле Македонци, а имало и голем број Турци.[2] Во 1903 година, во градот Пазар биле забележани 9.599 жители, во најголемото мнозинство Македонци и Турци и помал број на Грци, Власи и Роми. По поделбата на Македонија од 1913 па сѐ до 1922, од градот и целата негова околина биле целосно насилно иселени Македонците и Турците, а на нивно место биле доселени Грци од Мала Азија. Денес градот брои 33.775 жители, во најголемо мнозинство Грци. Не е познат податок дали во градот сѐ уште живеат Македонци. Поради самата местоположба во плодната алувијална рамнина на Солунското поле, главна стопанска гранка на градот и околината е земјоделството, посебно житните култури. Исто така застапени се индустријата и малостопанството.

Бргу пристигнавме во гратчено Вардар Јениџе. Таму сe живо беше раздвижено, затоа што сите беа во подготвување за панаѓурот, кој се одржува секоја година и трае осум дена...

"Турскиот град во внатрешноста е следбеник на нему блискиот старомакедонски главен град и од него тој ја наследил градската сила и годишниот панаѓур. Со тоа Јениџе не е ништо друго, туку поместена Пела"[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. 1798, год., Конгресна библиотека во Вашингтон, Оддел за ретки книги сигнатура Г 160. Л 317, 1816 год. цит. според Александар Матковски, цит. дело
  3. "Reise von Belgrad nach Salonika", J.G.V. Hahn, Wien, 1868, стр. 200.