Прејди на содржината

Пад на населението

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пад на населението или депопулација — намалување на бројот на жители во одредена област. Долгорочно, од праисториско време до денес, човечкото население на Земјата постојано се зголемува. Меѓутоа сегашните проекции покажуваат дека оваа долгорочна склоност на постојан раст на населението можеби ќе заврши.[1]

До почетокот на индустриската револуција, светското население растело многу бавно. После приближно 1800 година, стапката на наталитет се искачила на максимум 2,09 отсто годишен раст во 1967-1969 година, но оттогаш паднала на 1,05 во 2020 година поради светскиот пад на раѓање.[2] Најголем пораст во апсолутни бројки од 92,9 милиони имало во 1988 година, но во 2020 година растот паднал на 81,3 милиони.[3] Долгорочните проекции за растот на човечкото население на оваа планета покажуваат натамошен пад и дека до крајот на 21 век, ќе почне да стагнира.[2] Примери за ваков тренд се Јапонија, чие население моментално (2015-2020) се намалува од 0,2 % годишно,[2] и Кина, чие население би можело да почне да се намалува до 2027 година или порано.[4] До 2050 година, европското население треба да почне да се намалува за 0,3 % годишно.[2]

Растот на населението се намалил главно поради ненадејниот пад на светската стапка на раѓање, од 5,0 во 1960 година на 2,3 во 2020 година.[5] Падот на наталитетот го зафатил целиот свет и е резултат на демографската транзиција. За една земја да го задржи своето население (без да се размислува за миграција), потребна е минимална стапка на наталитет од 2,1[6] дете по жена (бројката е малку поголема од 2, бидејќи не сите деца достигнуваат полнолетство). Сепак, речиси сите општества доживуваат драстичен пад на наталитетот како што стануваат побогати. Тежнеењето на жените во побогатите земји да имаат помалку деца се припишува на различни причини, како што се помалата смртност на новороденчињата и помалата потреба од деца како извор на семеен труд. Често се споменува и подоброто образование на младите жени, што ги проширува нивните можности за вработување.[7]

Можните последици од долгорочниот пад на националното население може да бидат чисто позитивни или негативни. Ако една земја може да ја зголеми производноста на својата работна сила побрзо отколку што опаѓа нејзиното население, резултатите може да бидат чисто позитивни во однос на нејзината економија, квалитетот на животот и животната средина. Ако не може да ја зголеми продуктивноста на трудот побрзо од падот на населението, резултатите може да бидат негативни.

Националните напори за справување со намалувањето на населението досега се сосредоточувале на можните негативни економски последици, бидејќи земјите се обидувале да ја подобрат големината и производноста на својата работна сила.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Coleman, David; Rowthorn, Robert (January 25, 2011). „Who's Afraid of Population Decline?: A Critical Examination of Its Consequences“. Population and Development Review. 37 (Suppl 1): 217–48. doi:10.1111/j.1728-4457.2011.00385.x. PMID 21280372. S2CID 2979501.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „World Population Prospects 2019, Population Data, File: Population Growth Rate, Estimates tab“. United Nations Population Division.
  3. „World Population by Year“. Worldometer.
  4. Myers, Steven Lee; Wu, Jin; Fu, Claire (January 17, 2020). „China's Looming Crisis: A Shrinking Population“. New York Times.
  5. „2021 Population Data Sheet Highlights Declining Fertility Rates“. International Institute of Sustainable Development. August 18, 2021.
  6. Craig (1994). „Replacement level fertility and future population growth“. Population Trends (78): 20–22. PMID 7834459.
  7. „Thanks to education, global fertility could fall faster than expected“. The Economist. 2019-02-02. ISSN 0013-0613. Посетено на 2021-04-30.