Паднато лисје
„Паднато лисје“ (фински: Kuolleet lehdet) – филм на режисерот Аки Каурисмеки (Aki Kaurismäki) од 2023 година. Каурисмеки е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Алма Појсти (Alma Pöysti), Јуси Ватанен (Jussi Vatanen) и Алина Томников (Alina Tomnikov). Директор на фотографијата е Тимо Салминен. Оваа романтична комедија е четвртиот дел на работничкиот циклус на Каурисмеки. Филмот се натпреварувал во службената конкуренција на Канскиот филмски фестивал, каде ја освоил наградата на жири-комисијата.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Анси и Холапи се двајца осамени луѓе кои една ноќ случајно се среќаваат во Хелсинки и се обидуваат да ја пронајдат првата, единствената и најголемата љубов на своите животи. Нивниот пат кон целта е отежнат од алкохолизмот на Холапи, од загубените телефонски броеви, од тоа што не ги знаат меѓусебните броеви и адреси и од општата склоност на животот да им поставува пречки на оние кои ја бараат среќата....