Павловачко Езеро
Изглед
| Павловачко Езеро Павловачко језеро | |
|---|---|
| Координати | |
| Земји во сливот | Република Србија |
| Површина | 0,65 км2 |
| Прос. длабочина | 6 м |
| Надм. височина на површината | 139 м |
| Острови | нема |
Павловачко Езеро, познато и како Кудош — вештачко езеро кое се наоѓа на околу 12 километри северно од центарот на општината Рума. Езерото е формирано во 1983 година со со преградување на потокот Кудош со брана долга 400 метри. Павловачкото Езеро зафаќа површина од околу 65 хектари, а неговите долини се малку стрмни и покриени со обработливо земјоделско земјиште. На левиот брег на езерото има неколку угостителски објекти, а од десната страна неколку викендички, додека на околу 10 километри од самото езеро се наоѓа бањата Врдник.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Српско географско друштво: Драгуљи Срема, Александар Крајић Архивирано на 26 мај 2012 г., Пристапено 16. 1. 2013.