Павлина Климкар - Меанџиева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Павлина Климкар - Меанџиева
Роден(а) 13 септември 1949
Велес, НР Македонија НР Македонија
Починал(а) 3 март 2018
Велес, Македонија Македонија
Националност македонка
Занимање писателка и професор

Павлина Климкар - Меанџиева (Велес, 13 септември 1949 - Велес, 3 март 2018) — македонска писателка и професор.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Климкар е родена на 13 септември 1949 година во Велес. Завршила педагошка гимназија "Никола Карев" и Филолошки факулетет во Скопје. Работеше како средношколски професор во Велес, а сега е во пензија. Член на ДПМ од 1995 година. Автор е на книгите: "Тивнеења" (поезија, 1976), "Неразделности" (поезија, 1978), "Ораница" (поезија, 1983), "Тишина што се слуша" (поезија, 1991), "Кралица на гревот" (поезија, 1991), "Бршлен" (поезија, 1992), "Зол трн непремолк" (поезија, 1992), "Жежок ветер" (поезија, 1993), "Голтач на огнови" (поезија, 1994), "Од дневникот пред изгорување" (поезија, 1995), Кралица на гревот (второ,проширено издание 1996) Македонска вертикала (поезија, 1997), "Уста полна светлина" (поезија, 1997), "Цунами" (поезија, 1999), "Чудна случка" (сликовница, 1999), "Најазмо" (поезија, 2001), "Vasiloanjea - a marrtiiljei" (на влашки јазик, 2002), "Дијадема" (поезија, 2003), "Во меѓувреме" (поезија, 2003), "Ѕвездени патеки" (поезија, 2005), "Школки" (поезија, 2007), "Одблесоци" (поезија, 2009), "Метузалем" (поезија, 2012), "Наспроти ветрот" (поезија, 2013). Дел од нејзиното творештво е преведено на српски, албански и англиски јазик. Како автор е застапена во повеќе антологии. Неколку децении е член на градскиот литературен клуб "Кочо Рацин" од Велес. Нејзината поетска дејност започнува во училишните денови. Тогаш по пат на конкурс ја добива наградата за патување во Индија по повод роденденот на Нехру. Често пати е наградувана како поет, а неколку пати освојува прво место за најдобра стихозбирка од Здружението на просветните работници на Македонија (за "Метузалем" - 2012 и за "Наспроти ветрот" - 2013). Добитник е на Деветоноемвриска плакета - од општина Велес, како и наградата за животно дело Гемиџии - признание од родниот град Велес во кој и денес живее и твори.

Починала во Велес на 3 март 2018 година.[2]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 157.
  2. Почина позната македонска писателка