Павле I Константинополски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Павле I Константинополски
Патријарх на Константинопол
Црква Константинополска црква
Од 336
До 340
Претходник Александар
Евсебиј Никомедиски
Македониј I
Наследник Евсебиј Никомедиски
Македониј I
Македониј I
Лични податоци
Деноминација Православие
Занимање Патријарх на Константинопол

Павле I Константинополски е христијански светец и Патријарх на Константинопол во периодот од 336 до 340 година.

Павле бил роден во Солун. Според христијанската традиција, кога патријархот Александар Константинополски лежел на смртна постела, го прашале кој сака да му биде наследник, на кое тој одговорил:

Ако сакате да имате патријарх којшто ќе ве учи и ќе ви блеска со добродетел, изберете го Павле, а ако сакате да имате само убав човек и однадвор украсен, изберете го Македониј.

[1].

Народот го избрал Павле. Но ова не им било право на аријанските еретици ниту на императоротКонстанциј II, кој во тоа време бил во Антиохија. Наскоро Павле бил симнат од престолот, и тој заедно со Свети Атанасиј Велики побегнал во Рим, каде што обајцата биле убаво примени од Папа Јулиј I и од императорот Констанс I, кои ги поддржале во нивната православна вера. На писмо од царот Констанс и папата Јулиј, Павле бил вратен на престолот, но кога починал императорот, аријанците успеале да го протераат православниот патријарх во Кукуз во Ерменија. Во прогонство Свети Павле еднаш служејќи литургија бил нападнат од аријанците и удавен со омофорот, во 350 година.

Во времето на царот Теодосиј I неговите мошти во 381 година биле пренесени во Константинопол, а во 1236 година во Венеција, каде што се наоѓаат и денес.

Наводи[уреди]