Прејди на содржината

Павле Саздов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Павле Саздов
Пратеник во Собранието на Македонија
На должноста
2011–2016
Изборна единица македонска дијаспора (Северна и Јужна Америка)
Државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација
На должноста
2010–2011
Лични податоци
Роден(а) 27 декември 1983(1983-12-27)(42 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ СФР Југославија денешна Македонија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Сопружник Александра Поп-Стефанија Саздов
Деца 2
Установа ФОН Универзитет
Занимање политичар

Павле Саздов (р. 27 декември 1983 во Скопје)[1] е поранешен македонски политичар, државен секретар во Министерството за Информатичко општество и администрација и прв пратеник во македонското Собрание избран од дијаспората во Северна и Јужна Америка.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Саздов е роден на 27 декември 1983 година во Скопје, Македонија. Заминал во Канада кога бил ученик во средно школо и живеел во Торонто.[2]

Дипломирал во областа на информатичките науки на Еверест Колеџ во Канада во 2005 година. Магистрирал на Факултетот за Информациски и комуникациски науки при Универзитет ФОН во Скопје, каде има објавено научни трудови од истата област.[3][4][5] Тој е оженет, неговата сопруга е дипломат, со која има две деца.

Политичка кариера

[уреди | уреди извор]

Саздов бил член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ (УМС) од 1997 година.[6]

На 28 февруари 2010 година е именуван за државен секретар во Министерството за информатичко oпштество[7]. Во рамки на функцијата е назначен за член на управувачкиот одбор на РеСПА[8], Регионална Школа за Јавна Администрација.[9]

Во 2011 година на предвремените парламентарни избори како кандидат на партијата ВМРО-ДПМНЕ е избран за прв пратеник од дијаспората во осмата изборна единица односно од Северна и Јужна Америка.[10] Неговите активности во Собранието вклучуваат:

  • Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, член
  • Комисија за надворешна политика, заменик-член
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Конгресот на САД, член
  • Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со хендикеп, претседавач[11]

На следните предвремени парламентарни избори во 2014 година повторно е избран за пратеник од дијаспората во осмата изборна единица односно од Северна и Јужна Америка.[12] Во овој мандат неговите активности во Собранието вклучуваат:

  • Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, член
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член
  • Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член[13]

Политички ативности

[уреди | уреди извор]

Како Државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Саздов бил одговорен за работата на институцијата, управување со капиталните прокети, изработка на легислатива од областа на информатичкото општество и реформа на администрацијата, како и претставување на министерството и владата во рамки на државата и надвор од неа[14][15][16]

Во рамки на пратеничката фунцкија, Саздов остварил голем број средби со македонската дијаспора во Канада и Америка[17], како и при нивните посети на Македонија.[18] Се залагал за унапредување на правата на македонците надвор од Македонија, нивно учество во политичкиот и економскиот развој на државата[19],унапредување на услугите кои ги добиваат македонците надвор од Македонија[20][21][22][23], како и привлекување на нивни инвестиции во државата.[24]

Работел на унапредување на врските со САД [25][26][27] и Канада[28][29][30], полноправно членство на Македонија во НАТО[31] и Европската Унија, како и реформи во областа на собранискиот надзор над службите за безбедност.[32][33][34]

Како претседавач на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп работел на усогласување и подобрување на легислативата како би се овозможиле рамноправни услови за живот на сите граѓани на Македонија.[35]

  1. „Собрание на Република Северна Македонија - ВМРО-ДПМНЕ“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2025-02-11.
  2. „Павле Саздов: ќе работам во интерес на сите иселеници“. ВОА. 2011-05-25. Посетено на 2026-01-12.
  3. sazdov, pavle. „Pavle Sazdov - Independent Researcher“. independent.academia.edu (англиски). Посетено на 2026-01-12.
  4. „WASJ Volume 24 Number 5, 2013“. idosi.org. Посетено на 2026-01-12.
  5. Milena (2012-10-02). „Promotion of Political Thought No.39 on 02.10.2012“. IDSCS (англиски). Посетено на 2026-01-12.
  6. „Macedonia and NATO: From Security Consumer to Security Provider | Wilson Center“. www.wilsoncenter.org (англиски). 2012-03-27. Посетено на 2026-01-12.
  7. „Службен весник на Република Македонија“ (PDF). 5 March 2010.
  8. Administration, Regional School of Public. „ReSPA | Welcome“. www.respaweb.eu. Посетено на 2025-02-11.
  9. „ReSPA Newsletter“ (PDF).
  10. „МРТ“. mrt.com.mk. Посетено на 2026-01-12.
  11. „Assembly Republic of North Macedonia - VMRO - Democratic Party for Macedonian National Unity“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2026-01-12.
  12. „Кои се новоизбраните пратеници од Коалицијата „За подобра Македонија" на чело со ВМРО-ДПМНЕ?“. kanal5.com.mk. Посетено на 2026-01-12.
  13. „Assembly Republic of North Macedonia - Last structure 2014-2016“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2026-01-12.
  14. „Студиска посета на регионот Долна Нормандија - Metamorphosis“. Metamorphosis - Foundation for Internet and Society. 2010-12-22. Посетено на 2025-02-11.
  15. Marusic, Sinisa Jakov (2010-05-27). „Romania President on Official Visit to Macedonia“. Balkan Insight (англиски). Посетено на 2026-01-12.
  16. „English version :: Pavle Sazdov“. www.edemocracy.mk. Посетено на 2026-01-12.[мртва врска]
  17. „Македонско-канадска конференција во Торонто“. kanal5.com.mk. Посетено на 2026-01-12.
  18. „Семакедонска илинденска средба во Трново“. kanal5.com.mk. Посетено на 2026-01-12.
  19. „Јавна расправа за улогата на дијаспората за Република Македонија“. kanal5.com.mk. Посетено на 2026-01-12.
  20. SETimes (2011-08-17). „Diaspora MP In Macedonian Parliament – Interview“. Eurasia Review (англиски). Посетено на 2025-02-11.
  21. Team, U. M. D. (2014-10-28). „ОМД доби меѓународни честитки за 10-годишното постоење“. United Macedonian Diaspora (англиски). Архивирано од изворникот на 2025-09-11. Посетено на 2026-01-12.
  22. „Заврши седницата со пратенички прашања“. kanal5.com.mk. Посетено на 2026-01-12.
  23. „Поддржани две законски решенија на 21.собраниска седница“. kanal5.com.mk. Посетено на 2026-01-12.
  24. „Саздов: Зачувување на културата на македонските иселеници и нови инвестиции“. kanal5.com.mk. Посетено на 2026-01-12.
  25. „ШТО ЌЕ ДОНЕСАТ ИЗБОРИТЕ ВО САД: Саздов - Америка е гарантор за нашиот мир!“. Фактор Портал. Посетено на 2025-02-11.
  26. „Assembly Republic of North Macedonia - 2012“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2026-01-12.
  27. „Собраниска делегација на Молитвен појадок во Вашингтон“. https://mk.tv21.tv/ (англиски). 2016-02-02. Посетено на 2026-01-12. Надворешна врска во |work= (help)
  28. „Meeting with Andrew Scheer, Speaker of the House of Commons of Canada“. Monday, 01 September 2014 14:24. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  29. „Assembly Republic of North Macedonia - 2014“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2026-01-12.
  30. „Report - Visit of the Honourable Andrew Scheer, M.P., Speaker of the House of Commons, Skopje, Macedonia, September 1-3, 2014 - Diplomacy - Parliament of Canada“. www.parl.ca. Посетено на 2026-01-12.
  31. „Macedonia and NATO: From Security Consumer to Security Provider | Wilson Center“. www.wilsoncenter.org (англиски). 2025-02-12. Посетено на 2025-02-11.
  32. „Пратеничка надзорна посета на УБК и на АР на 5. и 9. февруари“. https://mk.tv21.tv/ (англиски). 2016-01-29. Посетено на 2026-01-12. Надворешна врска во |work= (help)
  33. „Препораки за поголема ефективност во надзорот на разузнавањето“. https://mk.tv21.tv/ (англиски). 2016-01-22. Посетено на 2026-01-12. Надворешна врска во |work= (help)
  34. „Analytica hosts the Presidents/members of 2 intelligence oversight committees“. Analytica | Thinking Laboratory... (англиски). Посетено на 2026-01-12.[мртва врска]
  35. „Собрание на Република Северна Македонија - Декември“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2026-01-12.