Павле Николовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Павле Петрев Николовски ( 1922 во Ајватовци, Скопско1944 во Врановци, Гостиварско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од земјоделско сиромашно семејство. Завршил основно училиште, по што се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во Единаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во повеќе акции и судири со окупаторот, особено против германските моторизирани колони. Во сите тие битки, се пројавил како совесен и дисциплиниран борец. Активно учествувал и во други борби, за конечното ослободување на Македонија. Непосредно пред ослободувањето трагично загинал, во несреќен случај. Во октомври 1944 година, несакајќи го убил еден негов соборец. Бил закопан во Врановци.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 107–108. На |first= му недостасува |last= (help)