Павит

Од Википедија — слободната енциклопедија

Павит, лат. (), — припаѓа на семејството Љутиќ, лат. (Ranunculaceae). Природното живеалиште им е Европа, Кавказ и Северна Африка. Цвета од јули до август.

Опис[уреди | уреди извор]

Цваст со хермафродитни цветови.

Дрвенесто растение, лијана, високо до 20 метри и широко од 6 до 10 см. Стеблото има многу мала ширина. Како лијана, ова растение мора да се потпре на стебло од друго растение за да се овозможи раст и развој. Кората на растението е слаба и сивкаста. Коренот, за разлика од дрвото, е добро развиен и не лежи длабоко во земјата. Листовите се состојат од 5 ливчиња, цели или не, долги до 10 см и без влакненца. Тие се прикачени на друго растение со помош на сталони.[1] Плодот е орешница со едно семе. Опрашувањето се врши со инсекти и расејување со помош на ветер.

Размножување[уреди | уреди извор]

Се размножуваат со 'ртење семе или вегетативно, делови од растението, коренот или стеблото. Ова растение има широка еколошка валентност, многу е толерантно за екстремни климатски услови.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Листопадни шуми, особено дабови и букови дрвја, со висока содржина на хумус и каде што pH е неутрална. Тоа е коровско растение, го запира одронот со силен коренов систем.

Ареал во Србија[уреди | уреди извор]

Северна Србија: Суботица, Нови Сад; Западна Србија: Ваjeево, Чачак и Јужна Србија, долината на Јужна Морава.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шилић, Чедомил (1983). Атлас дрвећа и грмља. Свјетлост Сарајево. ISBN 86-01-02454-4.
  2. „BioRas Map“. www.bioras.petnica.rs. Архивирано од изворникот на 2021-11-29. Посетено на 2019-07-09.