Павел Сухој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Павел Осипович Сухој
Павел Осипович Сухой
Павел Восіпавіч Сухі
1995. Stamp of Belarus 0114.jpg
Роден 22 јули 1895
Глубкое, Руска Империја (денес Белорусија)
Починал 15 септември 1975(1975-09-15) (воз. 80 г.)
Москва, Советски Сојуз
Националност белоруска, советска

Павел Осипович Сухој (руски: Павел Осипович Сухой, белоруски: Павел Восіпавіч Сухі), (Глубокое, 10 јули 1895 - Москва, 15 септември 1975) – конструктор на авион кој за преку четири децении конструирал повеќе од 30 вида авиони. Посебно е познат по серијата млазни ловечки и јуришни авиони проектирани за потребите на Советското воено воздухопловство. Проектант е на првиот советски млазен авион и првиот надзвучен авион. Бил успешен проектант на авиони во светски размери [1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Павел Осипович Сухој е роден на 10 јули 1895 година во Глубокое во Вигепската губернија, Белорусија во учителско семејство. Основно училиште завршил во родното место, а гимназија во Гомељ во 1914 година со сребрен медал. Во војска е регрутиран во 1916 година, а во 1920 е отпуштен заради слабо здравје. После војската се запишува на Московската виша техничка школа каде дипломира во класата на професорот Андреј Туполев [2] во 1925 година. Истата година се вработува во институтот во бирото на Туполев каде напредува од проектант, шеф на бригада до заменик главен проектант. Во тоа време работел на проектите: АНТ-5/(И-4); АНТ-31/(И-14); АНТ-25/(РД) како и на авионите изведени од нив АНТ-36/(ДБ-1); АНТ-37/(ДБ-2), потоа АНТ-29/ДИП и на крајот АНТ-51 кој според него го добил името Сухој Су-2[3] Од 1939 година Сухој е поставен за раководител на конструкторското биро ОКБ-51 во фабриката за авиони во Харков, меѓутоа тоа не му одговарало на Сухој затоа што бил изолиран од научно-техничкиот потенцијал што го давал институтот во Москва. Силно се залагал да го вратат во Москва и во тоа успева. Во 1940 година со својот соработник Евегниј Иванов[2] (кој бил во состојба да оствари сè она што Сухој ќе го проектирал) се враќа на аеродром во Подмосковје. Во тоа време работи на проектот на јуришниот авион Су-6. За време на војната бирото било дислоцирано од Москва заради опасноста од продирање на Германците во неа. Го завршува авионот Су-6 за која во 1943 година ја добива Сталиновата награда, но авионот не влегол во сериско производство и покрај сите свои квалитети. После војната се враќа во Москва за заменик главен проектант во ОКБ-156 кај Туполев. Тука работи до 1953 година, кога после смртта на Сталин се реактивирало неговото конструкторско биро во кое во 1956 година станува главен проектант.

Во повоениот период работи на проектот на првиот советски авион на млазен погон Су-9, потоа цели серии успешни авиони, па С-1 првиот советски надзвучен авион, Су-24 авион со променлива геометрија на крилата, па сè до Су-27 кого го започнал, но немал среќа да го доживее неговиот лет. Умрел во Москва во 1975 година после подолга болест која постепено го одвојувала од работата, но не успеала сосема, дури смртта го одвоила од неговите авиони на кои им го посветил целиот свој живот[3][4][5].

Галерија[уреди | уреди извор]

Попис на авиони кои ги проектирал или бил водач на проектот =[уреди | уреди извор]

Државни награди[уреди | уреди извор]

  • двократен херој на социјалистичкиот труд, 1957 и 1965 година,
  • седумкратен добитник на Сталиновата награда, 1943 година,
  • добитник на Лениновата награда во 1968 година,
  • добитник на државната награда на Советскиот Сојуз во 1975 година (постхумно).

Одликувања[уреди | уреди извор]

Споменик на Сухој во Гомељ
  • трократен носител на орденот на Ленин, 1945, 1957 и 1975 година,
  • орден на Октомвриската револуција,
  • орден на Црвеното знаме за труд, 1938 година,
  • носител на орденот Црвене ѕвезда, 1933 година

Одличја[уреди | уреди извор]

  • двократен добитник на златен медал „Срп и чекан“ 1957 и 1965 година,
  • добитник на медалот „Орден на честа“ 1936 година,
  • добитник е на првиот златен медал „А. Туполев“ 1975 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гречко, Андрей (1979). „СУХОЙ, Павел Осипович“ (на (руски)). Советская военная энциклопедия: Радиоконтроль-Тачанка, Том 7. Москва: Военное изд. Министерства обороны СССР. стр. 603. 
  2. 2,0 2,1 „Кто есть кто“. www.airforce.ru. http://www.airforce.ru/staff/who_is_who/index.htm. 
  3. Сухој
  4. „Su“. www.aviation.ru. http://www.aviation.ru/Su/. 
  5. „Дважды Герой Соц. Труда Сухой Павел Осипович :: Герои страны“. www.warheroes.ru. http://www.warheroes.ru/hero/hero.asp?Hero_id=11672.