Павел Муравски
Павел Муравски | |
---|---|
фотографија од Муравски | |
Роден(а) | Павел Иванович Муравски 30 јули 1914 с. Дмитрашковка, Виничка област, Украински ССР (Советски Сојуз) |
Занимање | Диригент, професор, академик |
Активен период | 1941-денес |
Павел Муравски (украински: Муравський Павло Іванович, роден 14 јули, 1914 год. во с. Дмитрашковка, Виничка област) е украински хорски диригент. Тој е редовен професор на музичката академија „П. И. Чајковски“ и почесен член во Украинската академија на науките и уметностите. Се смета за важен културен деец во својата родна земја, а неговиот труд бил одликуван со многу почести, меѓу кои орденот Херој на Украина и признанието Заслужен уметник на Украина.
Музичка академија завршил 1934 г. во Киев, а потоа бил наставник по музичко во едно средно училиште од Чернобил, каде водел неколку детски хорови. Во јуни, 1941 г. дипломирал на Киевскиот конзерваториум, а со компонирање музика започнал на Далечниот Исток, каде основал два хорски ансамбли.
По демобилизацијата, по советите од неговите поранешни учители, Муравски го формирал мешаниот хорски ансамбл „Трембита“, кој брзо прераснал во позната музичка институција низ тогашен СССР. Паралелно со водење на хорот, Павел предавал и на конзерваториумот во Лавов. Во периодот 1964-1969 добил неколку државни награди за неговата работа. Заедно со оперскиот пејач Борис Гмирја одржале неколку концерти по класична украинска музика, вклучувајќи и композиции со мотиви од поезијата на Тарас Шевченко. Во соработка со Гмирја снимил и неколку музички дискови, кои биле пласирани во Москва, Монтреал и Париз.
Во неговиот творечки опус се вбројуваат преку 1000 музички дела, кои биле инспирирани од големите советски композитори Петар Илич Чајковски, Модест Мусоргски и Игор Стравински. На 21 ноември 2009 г. неговиот дом во родното село Дмитрашковка бил преуреден во спомен-музеј, а од 2010 г. во тоа место се одржува традиционален фестивал на кој учество земаат хорските ансамбли од околните градови.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Ольга Бенч «Павло Муравський. Феномен одного життя» (видавництво «Дніпро»)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Павел Муравски“ на Ризницата ? |
- Статија со биографските податоциАрхивирано на 26 април 2013 г. (украински)
- Галина Савчук. Природа людського голосу — без секретів (до 90-річчя П.Муравського) (украински)
- ПовеќеАрхивирано на 8 јуни 2022 г. (украински)
- Национален фонд 2010[мртва врска] (украински)