Дани Освалдо

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пабло Даниел Освалдо)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Пабло Освалдо
Pablo Daniel Osvaldo - AS Roma vs Liverpool FC.jpg
Лични податоци
Роден на 12 јануари 1986 (1986-01-12) (33 г.)
Роден во Буенос Аирес, Аргентина
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Интер Интер
Број 77
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005 Уракан 33 (11)
2006 Аталанта 3 (1)
2006–2007 Лече 31 (8)
2007-2009 Фјорентина 21 (5)
2009-2010 Болоња 25 (3)
2010-2011 Еспањол 44 (20)
2011-2013 Рома 53 (27)
2013- Саутхемптон 13 (3)
2014Јувентус (позајмен) 11 (1)
2014Интер (позајмен) 0 (0)
Репрезентација
2010- Италија 8 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Пабло Даниел Освалдо (роден на 12 јануари, 1986) е италијански фудбалер роден во Аргентина, кој во моментов игра како напаѓач за Серија А клубот Интер.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Освалдо игра за Фјорентина во 2008 година

Освалдо го направил своето професионално фудбалско деби во аргентинската 2 дивизија за Уракан во 2005 година. По помалку од една година тој бил ангажиран од страна на италијанската екипа Аталанта, каде што одиграл само три натпревари и постигнал еден единствен погодок во сезоната 2005-06 во Серија Б. Во 2006 Аталанта се согласила на ко-сопственост договор да го испрати играчот во Лече, друг Серија Б тим, каде Освалдо имал можност да игра редовно, постигнувајќи осум гола во 31 настапи со Џалоросите. По една таква прилично импресивна сезона, Аталанта го вратила играчот и го продала на Фјорентина за 4.600.000 €. Тој го одиграл својот прв натпревар во Серија А на 29 септември 2007 година, постигнувајќи два гола во победата како гост со 3-0 над Ливорно.

Тој ја напуштил Фиорентина на 20 јануари 2009 година и и се приклучил на Болоња на заем за 2.000.000 €. На крајот на сезоната Болоња го купила него за дополнителни 5 милиони € потпишувајчи го Освалдо на 4-годишен договор. На 23 август 2009 Освалдо го постигнал првиот гол за Болоња оваа сезона против неговиот поранешен клуб Фјорентина и му донел на својот тим израмнување.

Еспањол[уреди | уреди извор]

На 10 јануари 2010, Освалдо се преселил во Шпанија потпишувајќи за Еспањол. За сезона и половина тој одиграл 44 првенствени натпревари и постигнал точно 20 гола.

Рома[уреди | уреди извор]

По успешната втора сезона со Еспањол, каде Освалдо постигнал повеќе од еден гол на секој втор натпревар, тој бил продаден на Рома за сума до € 17.500.000 на 25 август 2011. На 22 септември 2011 тој го постигнал својот прв гол за Рома, во натпреварот што завршил 1-1 со Сиена.