ПУ „Страшо Пинџур“ - Калаузлија
Изглед
Страшо Пинџур | |
|---|---|
во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ | |
Поглед на основното училиште | |
| Место | |
| Општина: | Општина Карбинци |
| Наречено по: | Страшо Пинџур |
| Нас. место: | Калаузлија |
| Адреса: | с. Калаузлија |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Калаузлија; скратено: ПООУ „Страшо Пинџур“) — подрачно основно училиште во селото Калаузлија, составен дел на ОУ „Страшо Пинџур“ од селото Карбинци.[1]
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Страшо Пинџур.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Калаузлија, во непосредна близина на регионалниот пат.
Објект
[уреди | уреди извор]Селото добило ново училиште со помош на турската организација „Тика“, која во изградбата на училиштето вложила 65.000 евра.[2]
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ООУ Страшо Пинџур - Карбинци“. www.mkmap.eu.mk (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2021-02-02.
- ↑ Бојаџиски, Иван (5 ноември 2010). „Или џамија или меѓународен скандал“. Утрински весник (3423). Посетено на 3 февруари 2021.

