Прејди на содржината

ПУ „Св. Климент Охридски“ - Биџево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Климент Охридски
Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Струга
Наречено по: Свети Климент Охридски
Нас. место: Биџево
Адреса: с. Биџево
Местоположба

Карта

Основни информации
Број на ученици: 33 (2025/26)
Настава на: албански
Контактни информации

Основно училиште „Свети Климент Охридски“ (службено: Подрачно основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Биџево; скратено: ПООУ „Св. Климент Охридски“) — подрачно основно училиште во струшкото село Биџево, во состав на истоименото училиште од селото Драслајца, Општина Струга.[1]

Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, спроти главната селска црква.

Историја

[уреди | уреди извор]

Последен пат училиштето било реновирано во 2001 година.

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик од прво до петто одделение во 5 паралелки, од кои една комбинирана.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-16.
  2. „Годишна програма 2025 – 2026 ООУ „Свети Климент Охридски" – с. Драслајца, Струга“ (PDF). ОУ „Св. Климент Охридски“ - Драслајца. август 2025. Посетено на 13 февруари 2026.