ПУ „Кирил и Методиј“ - Злетово
Изглед
Кирил и Методиј | |
|---|---|
во состав на ОУ „Браќа Миладиновци“ | |
Поглед на основното училиште | |
| Место | |
| Општина: | Општина Пробиштип |
| Наречено по: | Свети Кирил и Методиј |
| Нас. место: | Злетово |
| Адреса: | ул. „Јане Сандански“, бб, с. Злетово |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1966 |
| Број на ученици: | 213 |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Е-пошта | b_miladinovci@yahoo.com |
| Телефон | 032/495-217 |
| Факс | 032/483-085 |
Основно училиште „Кирил и Методиј“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Кирил и Методиј“ - Злетово; скратено: ПООУ „Кирил и Методиј“) — подрачно основно училиште во селото Злетово, составен дел на училиштето „Браќа Миладиновци“ од градот Пробиштип.[1]
Училиштето е именувано по словенските просветители Светите Кирил и Методиј.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Злетово, сместено на сретсело.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето е изградено во 1966 година.
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Во училиштето се запишани 213 ученици, распределени во 10 паралелки.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Натпис со името
- Влезот
- Спортската сала
- Поглед на училиштето
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ООУ Браќа Миладиновци“. Општина Пробиштип. Посетено на 10 ноември 2022.

