ПУ „Јунус Емре“ - Челопеци
Јунус Емре | |
|---|---|
во состав на ОУ „Јунус Емре“ | |
Поглед на основното училиште | |
| Место | |
| Општина: | Општина Кичево |
| Наречено по: | Јунус Емре |
| Нас. место: | Челопеци |
| Адреса: | с. Челопеци |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Број на ученици: | 19[1] |
| Настава на: | турски |
| Контактни информации | |
Основно училиште „Јунус Емре“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Јунус Емре“ - Челопеци; скратено: ПООУ „Јунус Емре“) — подрачно основно училиште во селото Челопеци, составен дел на основното училиште „Јунус Емре“ од селото Лисичани, Општина Пласница.[2] Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Челопеци.
Иако Челопеци се наоѓа во Општина Кичево, училиштето е под надлежност на училиштето „Јунус Емре“ од селото Лисичани во Општина Пласница.
Денес, училиштето е именувано по турскиот мислител, Јунус Емре, додека во минатото училиштето го носело името на народниот херој Мирче Ацев.
Местоположба
[уреди | уреди извор]
Училиштето е сместено во самиот средиштен дел на селото Челопеци.
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.[3]
Вкупно има 19 ученици од прво до петто одделение, кои се распоредени во 2 комбинирани паралелки.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ОУ „Јунус Емре" - с. Лисичани, Пласница“. feniks.net.mk. Архивирано од изворникот на 2020-11-29. Посетено на 2020-12-22.
- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-09.
- ↑ „ЛИЧНА КАРТА“. ОУ,,МИРЧЕ АЦЕВ,,-ЛИСИЧАНИ. Посетено на 2020-12-22.

