Приватно средно училиште „Академија Леонтиќ“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ПСУ Академија Леонтиќ)

Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“

Лого на училиштето
Лого на училиштето
Место
Општина: Центар
Место: Скопје
Адреса: Бул. Партизански одреди бр.43 A 1/1 Скопје
Основни информации
Основано: 2008
Директор: Васка Леонтиќ
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал [http://Официјална страница Официјална страница]

Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ е приватно училиште од Скопје, каде се изучуваат фризерските и козметичките техники. Училиштето е во сопственост на Васка Леонтиќ.

Основање и развој[уреди | уреди извор]

Училиштето е форимирано во 2008 година.[1] Постои можност наставата во училиштето да се одвива на македонски, турски и албански јазик, но во досегашната работа, потребата на учениците била само на македонски јазик.

Упис во училиштето[уреди | уреди извор]

Учениците се запишуваат по пат на интервју и професионална ориентација преку разговор со мајстор - предавач Васка Леонтиќ. На ова интервју се присутни родителите заедно со кандидатите кои планираат да се запишат. На овој разговор може да влезат сите осмоодделенци, без разлика на претходниот училиштен успех. Најважниот принцип на бирање ученици е желбата на кандидатот да го изучува и да го работи она што ќе го одбере. Училиштето доделува попусти, доколку од едно семејство се запишат повеќе членови.

Проектни активности[уреди | уреди извор]

  • Учество на модната недела
  • Учество при снимање на спот, филм, како и потребите за телевизиски настапи
  • Самостојни модни ревии и претстави
  • Учество на проекти кои подразбираат општо-корисна работа, како пракса во старечки домови, деца без родители, хендикепирани лица и други.
  • Учество на повеќе интернационални проекти[2]
  • Редовни спортски активности, како тениски турнири, пливање, аеробик, пилатес, фитнес и кошарка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-07-23. Посетено на 2015-08-18.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-06-02. Посетено на 2015-08-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]