ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лево кон десно, Ерик Шмит, Сергеј Брин и Лери Пејџ на Google, кој некогаш се наведува како пример на претприемништво и disruptive innovation.

Во политичка економија, претприемништвото е процес на идентификување и почнување на деловен потфат, снабдување и организирање на потребните средства и прифаќање и на ризикот и на наградите кои се поврзани со потфатот.

Потекло[уреди | уреди извор]

Во 2012 година, амбасадорката за голбални прашања на жените Мелани Вервер гипоздрави учесниците во Програмата за претприемништво, африкански жените во Стејт департментот во Вашингтон, Д.C

"Претприемништво’ " резултира со нови организации или заживување на зрели организации s како одговор на една откриена бизнис можност. Нов бизнис започнат од еден претприемач се опишува како старт-ап компанија. Во последните години, поимот се проширил и вклучува социјални и политички форми на претприемничко дејствување.Шаблон:According to whom

Претприемништвото во фирма или голема организација се нарекува интра-претприемништво и може да вклучува корпоративни потфати каде што големи единици создаваат споредни организации.[1]

Според Пол Рејнолдс, специјалист за претприемништвоШаблон:Clarify кој го создаде Global Entrepreneurship Monitor( Глобален монитор на претприемништво), "во Соединетите држави, пола од сите мажи кои работат веројатно имаат период на само- вработување од една година или повеќе години, додека да се пензионираат; еден од четири се впуштаат во само- вработување за период од 6 години или повеќе. Учествување во ново деловно создавање е вообичаена активност меѓу работниците на САД, за време на нивната кариера."[2] Во последните години, е направена документација за претприемништвото од специјалисти како Дејвид Одречеден од главните водачи на економскиот раст и во Соединетите Држави и во Западна Европа. "Исто така, претприемништвото може да се дефинира како потрага по можности без да води сметка за средства кои моментално се забранети.(Stevenson,1983)"[3]

Претприемничките активности значително се разликуваат во зависност од типот на организирање и вклучената креативност. Претприемништвото опфаќа соло проекти, дури и хонорарни проекти, до големи потфати кои создаваат многу можности за работа. Многу "високо вредни" претприемнички бараат ризичен капитал or ангел фундинг (почетен капитал) (собираат капитал) за да собираат капитал за создавање бизнис. Ангел-инвеститорите во главно бараат годишна заработувачка од 20-30% и повеќе, како и голема вклученост во бизнисот.[4] Многу организации постојат за да ги подржат идните претприемачи , вклучувајќи стручни владини агенции, бизнис инкубатори, научни паркови, и некои NGOs. Неодамна, поимот е проширен и вклучува концептуализирања на претприемништво како одредена mindset (погледни претприемничка mindset) rшто резултира со претприемнички иницијативи на пример во форма на социјално претприемништво, политичко претприемништво, или претприемништво на знаење.

Од 2008 година, беше најавена годишна "Глобална недела на претприемништво" со цел да ги "изложуваат луѓето на придобивките на претприемништвото" и да ги натераат да "учествуваат во активности поврзани со претприемништво"Шаблон:Who.

Историја на претприемништво[уреди | уреди извор]

Етимологија и историска употреба[уреди | уреди извор]

Првпат употребен во 1723 год, денес поимот претприемач подразбира квалитети на лидерство, иницијатива и иновација во производство, испорака и/или услуги.Економистот Роберт Рајкградењето на тим, лидерство и способноста за управување како суштински квалитети на претприемачот.[5]Успешните претпријатија на иднината, кажал тој, ќе бидат тие кои нудат нов модел на работни врски основани на соработка и заедничка вредност.[6]

Претприемачот е фактор во микроекономија, додека проучувањето на претприемништво се појавува во доцниот 17 и раниот 18 век, во делото на Ричард Кантијон and Адам Смит, коешто беше основа за класична економија.

Во 20-от век, претприемништвото беше проучено Јозеф Шумпетер во 1930-те години и други Австриски економисти какоКарл Менгер, Лудвиг вон Мисес и Фредрик вон Хајек. Поимот "претприемништво"е создаден околу 1920-та год., додека, заемот на зборот претприемач од францускиот јазик датира од 1850-та год. Во 2010-та год., стана помодарски збора, во контекст на немири кои избувнаа на почетокот на Големата рецесија.Шаблон:Clarify

Што е еден претприемач[уреди | уреди извор]

Претприемач (/ˌɒntrəprəˈnɜː/), е заемка од француски јазик. . Дефиниран е како личност која организира или управува бизнис или повеќе бизниси. Заслугата за создавање на зборот претприемач е на францускиот економист Жан Батист Сеј, bвсушност ирско- францускиот економист Ричард Кантијон прв го дефинираше во неговото дело [7] in his Essai sur la Nature du Commerce en Général, or Essay on the Nature of Trade in General(Есеи за природата на трговијата воопшто), книга која Вилијам Стенли Џевонс ја сметаше како "колевка на политичката економија"[8] Сепак, Сеј и Кантијон, поимот го употребуваат поинаку.. Биографот на Кантијон, Антони Брир вели дека, Кантијон го гледа претприемачот како личност што ризикува, додека, Сеј го смета претприемачот како "планер".[9]

Кантијон го дефинира поимот како личност кој плаќа сигурна цена за производ и го препродава со несигурна цена: "донесување на одлуки за набавување и користење на средства додека го признава ризикот на претпријатието." Зборот првпат се појави во францускиот речник "Dictionnaire Universel de Commerce(Универзален речник за трговија)" составуван од Жак де Брулон и објавен во 1723 год.[10]

Хронолошки список на дефиницијата на 'Претприемач'
  • 1743 год., Ричард Кантијон: Претприемачите се не - фиксни личности, кои заработуваат приходи и плаќаат цени кои веќе ги знаат, но заработуваат несигурни приходи,[11]
  • 1803 год., Жан Батист Сеј: Претприемач е еден економски застапник, кој ги спојува сите средства на земјиштето за производство на едниот, трудот на друг, и капиталот на третиот, и на тој начин произведува производ. Со продавање на производството во пазарот тој плаќа кирија за земјиште, плати за труд, камата на капитал и тоа што останува е неговиот профит. Тој ги преместува економските средства, од една област на ниска продуктивност во област на висока продуктивност и поголем производ.[се бара извор]
  • 1934 год, Шумпетер: Претприемачите се иноватори кои користат еден процес на исцрпување на статус-кво на постоечките производи и услуги, во создавање нови производи, нови услуги.[се бара извор]
  • 1961 год., Дејвид МекЛеланд: Претприемачот е личност со висока потреба за достигнување [П.П]. Тој е енергичен и умерена личност која ризикува.[се бара извор]
  • 1964год., Питер Дракер: Претприемачот бара промена, одговара на тоа и искористува можности. Иновацијата е специфична алатка на претприемачот. Според тоа еден ефективен претприемач изворот го претвора во средство.[се бара извор]
  • 1971 год., Килби: Ја нагласува улогата на имитатор претприемач кој не иновира туку ги имитира технологиите кои се иновирани од други. Тие се многу важни за развој на економии..[се бара извор]
  • 1975 год., Алберт Шепиро: Претприемачите преземаат иницијатива, прифаќаат ризик на неуспех и имаат внатрешен центар на контрола.[се бара извор]
  • 2013год., Роналд Меј: Претприемачот е личност кој ја комерцијализира неговата иновација.

Денес името подразбира боот-страп операција и некој степен и на иновацијата и на финансискиот ризик.

Типови на претприемачи[уреди | уреди извор]

Разликите во претприемачки организации и разновидноста во однесувањата на нивните основачи потекнуваат од идентитетот на основачот. Фочарт и Грубер ја употребиле теоријата за социјален идентитет за да илустрираат дека, индивидуални претприемачи може да се идентификуваат како едно од три типови: : Дарвинисти, Комунитарни и Мисионери. Овие типови на претприемачи не се разотидуваат само во основни начини на нивните свои перспективи и нивните социјални мотивации во претприемништвото, но исто така прилично различно се впуштаат во создавање на нови фирми.[12]

Влијанија и претприемачки однесувања[уреди | уреди извор]

Британката жена претприемач Карен Бреди има проценета вредност од 82 милиони фунти [13]

Обично, претприемачот се смета како иноватор - творец на нови идеи и бизнис процеси.[14] Вештина на менаџмент и цврсти способности на составување на тимот често се сметаат како важни особини на лидерство за успешни претприемачи.[15] Политичкиот економист Роберт Рајк лидерството, управувачката способност и составувањето на тимот ги смета за суштински квалитети на еден претприемач.[16][17]

Шумпетер за претприемништвото[уреди | уреди извор]

Според, Шумпетер, еден претприемач е подготвен и способен една идеја или пронајдок да ги претвори во успешна иновација.[18] Претприемништвото го искористува тоа што Шумпетер го нарече "бура на креативно уништување" да замени во целина или делумно, инфериорни понудувања во пазари и индустрии, истовремено создавајќи нови производи и нови модели на бизниси. Поради тоа, креативното уништување е во голема мера одговорна за динамичност на индустријата и економски раст на подолго време. . Идејата дека претприемништвото води до економски раст е толкување на остатокот во теоријата на ендоген растШаблон:Clarify и како таква е силно дебатирана во академска економија. Втор опис утврден од Израел Кирзнер предложува дека мнозинството од иновациите може да бидат многу повеќе растечки подобрувања, како што е замената на хартија со пластика, во составувањето на сламка за пиење.

За Шумпетер, претприемништвото резултираше со нови индустрии, но исто и со нови комбинации на актуелните постоечки вложувања. Почетниот пример на Шумпетер за ова беше, комбинацијата на парна машина, а потоа тековни технологии за изградба на товарни вагони за создавање кола без коњ. Во овој случај иновацијата, колата, беше трансформативна, но не бараше развој на нова технологија, туку само примена на постоечки технологии на нов начин. Тоа не ја замени веднаш кочијата влечена од коњ, но со текот на времето, растечките подобрувања, кои го намалија трошокот и ја подобрија технологијата, водеа до целосна практична замена на возила влечени од животни во современиот превоз. И покрај придонесите на Шумпетер во раниот 20-ти век, теоријата на традиционалната микроекономија не го зема во обѕир официјално во нејзините теоретски рамки (наместо тоа претпоставува дека средствата ќе се најдат едни со други преку систем на цена). Во ова постапка, претприемачот беше вмешан како неодреден актер, но доследен со концептот дека тој е агентот на икс-ефикасност.

Различни научници претприемачите ги опишуваат, меѓу друго, како личности кои сносат ризик. Додека, според Шумпетер, претприемачот не издржа ризик, капиталистот издржа. .

Најт и Дракер[уреди | уреди извор]

Претприемачката мрежа „Dell Women“'настан во Њујорк Сити, Мај 2013

Френк Х. Најт [19] (1921) и Питер Дракер (1970), сметаат дека суштината на претприемништвото е да ризикуваш. TОднесувањето на претприемачот одразува личност кој е спремен да ја загрози неговата кариера и финансиска безбедност и да ризикува во име на идејата, да троши многу време, исто и капитал за несигурен ризик.
Најт класифицира три типови на несигурност.

  • Ризик, кој е статистички мерлив (веројатноста да влечеш црвена топка од тегла која содржи 5 црвени топки и 5 бели топки)
  • Двозначност, која е тешко да се мери статистички (веројатноста да влечеш црвена топка од тегла која содржи 5 црвени топки, но, непознат број на бели топки)
  • Вистинска несигурност или Најтска несигурност, која е невозможно да се процени или предвиди статистички (веројатноста да влечеш црвена топка од тегла за која не се знае колку црвени топки содржи, ниту, колку други обоени топки)

Дејствата на претприемништвото често се поврзуваат со вистинска несигурност, особено кога вклучува донесување на нешто ново во светот, чии пазари не постојат никогаш. Меѓутоа, дури веќе и да постои пазар, нема гаранција дека еден таков постои за посебен нов играч во категоријата cola.

Во теоријата (која опишува многу пропорции базирани во ефикасност претпоставувајќи еднообразно производство) местото на создавач на несогласување и карактеристичен претприемач претставува теоретски дилеми. Вилијам Бамол придонесол во ова област на теоријата на економија, и за тоа, неодамна беше одликуван на годишната средба на American Economic Association (Американска економска асоцијација) во 2006 год.[20]

Врската поединци–можности[уреди | уреди извор]

Современото студирање на претприемништво е значително дефинирано со статијата agenda-setting на Шејн и Венкатараман во 2000 год., насловена The Promise of Entrepreneurship as a Field of Research. Според, Шејн и Венкатараман, претприемништвото опфаќа два феномени "претприемливи поединци" и "претприемачки можности", Истражувачите треба да ја проучуваат природата на поединците кои одговараат на овие можности кога другите не го прават тоа, самите можности и врската меѓу поединците и можностите.

Психолошка структура на претприемачот[уреди | уреди извор]

Истражувањата покажуваат дека психолошките склоност на машки и женски претприемач се повеќе слични, отколку, различни. Емпириски студии тврдат дека машките претприемачи поседуваат јаки вештини за преговарање и способности за создавање на општа согласност.[се бара извор]

Јеспер Серенсен,[21] професор на Организациско однесување на Универзитетот за бизнис Станфорд, напиша дека, значајни влијанија на одлуката на поединецот да стане претприемач се еднакви личности во работното место и социјалниот состав на работното место. Серенсен откри врска помеѓу работењето со поранешни претприемачи со тоа колку често овие поединци стануваат и тие претприемачи, споредувајќи со тие кои не работеа со претприемачи.[22] Социјалниот состав на работното место може да влијае на претприемништвото во рамномерноста на работното место со докажување на можност за успех, предизвикувајќи го ставот: “Тој може да го направи тоа, зошто јас не можам?”. Како што Серенсен изјави, “Кога среќаваш други кои работат сами за себе, не изгледа толку страшно.”[23]

Иновативните претприемачи најверојатно ќе го доживеат тоа што психологот, Михој Чиксентмихој го нарекува проток. Протокот се случува кога надворешниот свет исчезнува и покрај силната внатрешна мотивација да направи нешто. Михој Чиксентмихој предложува важните иновации да се случат во рацете на личностите кои доживуваат проток. Тие стануваат толку маѓепсани од идеите во нивната глава што не можат да не ги следат.[24] Слично, друго истражување заклучува дека, една силна внатрешна мотивација е неопходна состојка за важните иновации.[25] Протокот може исто така да се споредува со концептот на нормализација на Марија Монтесори, aсостојба која вклучува капацитет за радосни и долги периоди на силно сосредоточување на едно дете.[26] Самиот Чиксентмихој признава дека подготвената животна средина на Монтесори им нуди на децата можности да го постигнат протокот.[27] На овој начин, квалитетот и типот на раното образование може да има влијание на претприемачките способности.

Вродената способност наспроти јавната перцепција[уреди | уреди извор]

Способноста на претприемачите да иновираат се поврзува со вродени особини, вклучувајќи екстровертност и склоност кон ризикување.[се бара извор] Според Јозеф Шумпетер, способности на иновации, воведување на нови технологии, зголемување на ефикасност и продуктивност, или произведување на нови производи или услуги, се карактеристични квалитети на претприемачите.[се бара извор] . Исто така, многу научници тврдат дека претприемништвото е прашање на гени, и дека не секој може да биде претприемач.[28]

Меѓутоа, докажано е дека претприемачите не се толку посебни; и дека всушност, сиромашните замисли на тие што "не се претприемачи " создаваат пофалбен портрет за "претприемачите".[29][30]

Финансиски боот-страпинг[уреди | уреди извор]

Financial боот-страпинг е поим кој што се користи за да покрива различни методи за избегнување користење на финансиски средства на надворешни инвеститори. Боот-страпинг може да се дефинира како “збир на методи кои се користат за намалување на износот на надворешниот долг и финансирање со каматна стапка потребен на банките и инвеститорите”.[31] Употребата на лична кредитна картичка на долг е најпозната форма на боот-страпинг, но широка разновидност на методи е достапна запретприемачите. Додека боот-страпинг вклучува ризик за основачите, отсуството на било кој друг акционер дава на основачот поголема слобода да ја развие компанијата. Многу успешни компании вклучувајќи ги Дел Компјутери и Фејсбук се основани на овој начин.

Постојат различни типови на боот-страпинг::

Надворешно финансирање[уреди | уреди извор]

На многу бизниси им е потребен повеќе капитал од тоа што може да се обезбедува од самите сопственици, и во тој случај, е достапен голем избор на опции вклучувајќи:

  • Бизнис Ангели инвеститори
  • Капитал на инвеститорите.
  • Хеџ фондови
  • Алтернативни управување со средства

Некои од овие извори не обезбедуваат само средства туку и финансиски надзор, одговорност за извршување на задачи и пресвртници, и во некои случаи деловни контакти и искуства во многу случаи за возврат на уделот во капиталот.

Погледнете[уреди | уреди извор]

Портал „Economics

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Scott Andrew Shane (2003). A General Theory of Entrepreneurship: the Individual-Opportunity Nexus. Edward Elgar Publishing. ISBN 1843769964. 
  2. Paul D. Reynolds (2010). Entrepreneurship in the United States: The Future Is Now. Springer. ISBN 1441942750. 
  3. Paul D. Reynolds (1997). „LEVERAGING RESOURCES: BUILDING AN ORGANIZATION ON AN ENTREPRENEURIAL RESOURCE BASE“. Frontiers of Entrepreneurship Research, 1997. Babson College. ISBN 0910897182. 
  4. Mark Van Osnabrugge, Robert J. Robinson (2000). Angel Investing. John Wiley & Sons. ISBN 0787952028. 
  5. Paul Muljadi. Entrepreneurship. http://books.google.com/books?id=eNy7hA-rvOUC. 
  6. Crainer, Stuart; Dearlove, Des (2000). Generation Entrepreneur. FT Press. стр. 202. 
  7. Anthony Brewer (1992). Richard Cantillon: Pioneer of Economic Theory. Routledge. стр. 51. ISBN 978-1-61016-001-8. 
  8. William Stanley Jevons (January 1881). Richard Cantillon and the Nationality of Political Economy. The Contemporary Review Company. стр. 333–360. 
  9. ibid
  10. Ashok Bhanudas Navale, Associate Professor, Dept. of Commerce, Dada Patil Mahavidyalaya, Karjat, Ahmednagar (октомври 2013). „Developing Entrepreneur Skills for Corporate Work“. Research Directions. http://researchdirection.org/UploadArticle/48.pdf. 
  11. Tarascio, Vincent J. (Fall 1985 г). Cantillon's Essai: A Current Perspective. „Journal of Libertarian Studies“ (Ludwig von Mises Institute) том  29 (2): 251. http://mises.org/journals/jls/7_2/7_2_3.pdf. конс. 23 септември 2010 г. 
  12. Fauchart, E; Gruber, M.. Darwinians, Communitarians, and Missionaries: The Role of Founder Identify in Entrepreneurship. „Academy of Management Journal“ том  54 (5): 935–957. 
  13. http://www.therichest.com/celebnetworth/celebrity-business/women/karren-brady-net-worth/
  14. Terms; Investopedia.com; access date.
  15. Prive, Tanya. „Top 10 Qualities That Make A Great Leader“, „Forbes“, 19 декември 2012 (конс. 1 август 2013 г).
  16. Cantillon, Richard (1755). Essai sur la Nature du Commerce en Général. 
  17. Drucker, Peter F. (1985). Innovation and Entrepreneurship.  attributes the coining and defining of “entrepreneur” to Jean-Baptiste Say in his A Treatise on Political Economy; (1834).
  18. Joseph A. Schumpeter (2012). Capitalism, Socialism and Democracy. Routledge. ISBN 0415107628. 
  19. Frank Hyneman Knight (2002). Risk, Uncertainty and Profit. Beard Books. ISBN 1587981262. Шаблон:Year needed[се бара страница]
  20. „Searching for the invisible man“. The Economist. 9 март 2006. стр. 67. http://www.economist.com/finance/displaystory.cfm?story_id=E1_VGDTRJD. конс. 23 декември 2012 г. 
  21. Sorensen, Jesper. „sorensen | Stanford Graduate School of Business“. Organizational Behavior. http://www.gsb.stanford.edu/users/sorensen. 
  22. Sørensen, J.; Nanda, R. (јули 2010 г). Workplace Peers and Entrepreneurship. „Management Science“ том  56 (7). http://www.edegan.com/pdfs/Nanda%20Sorensen%20(2010)%20-%20Workplace%20peers%20and%20entrepreneurship.pdf. конс. 30 јуни 2013 г. 
  23. Peers Influence Decision to Become an Entrepreneur“, Stanford Graduate School of Business; News, 1 септември 2009 (конс. 30 јуни 2013 г).
  24. Csikszentmihalyi, Mihaly (1990). Flow: The Psychology of Optimal Experience. New York: Harper & Row. 
  25. Christensen, Clayton M. (2008). Disrupting class: how disruptive innovation will change the way the world learns.. New York: McGraw-Hill. 
  26. Montessori, Maria (1967). The Absorbent Mind. New York: Holt, Rinehart and Winston. 
  27. Rathunde, Kevin; Mihaly Csikszentmihalyi. Middle School Students’ Motivation and Quality of Experience: A Comparison of Montessori and Traditional School Environments. „American Journal of Education“ том  111 (3): 341–371. 
  28. Shane, S.. The genetics of entrepreneurial performance. „International Small Business Journal“ том  31 (5): 473–495. 
  29. Ramoglou, S.. Who is a 'non-entrepreneur'? Taking the 'others' of entrepreneurship seriously. „International Small Business Journal“ том  31 (4): 432–453. http://isb.sagepub.com/content/early/2011/12/04/0266242611425838.abstract. 
  30. Gartner, William B.. Is There an Elephant in Entrepreneurship? Blind Assumptions in Theory Development; Business research. „Entrepreneurship Theory and Practice“ том  25 (4): 27–39. http://pcbfaculty.ou.edu/classfiles/Mgt%206973_Entrepreneurship%20Seminar%20Fall%202011/Wk%202_Theory%20&%20Entrepreneur/Gartner%202001%20ETP_Elephants.pdf. 
  31. Ebbena, Jay; Johnson, Alec (ноември 2006 г). Bootstrapping in small firms: An empirical analysis of change over time. „Journal of Business Venturing“ том  21 (6): 851–865. doi:10.1016/j.jbusvent.2005.06.007. http://linkinghub.elsevier.com/retrieve/pii/S0883902605000662. конс. 23 декември 2012 г. 

Друго[уреди | уреди извор]

Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема:

Шаблон:Private equity and venture capital Шаблон:Aspects of capitalism