ПУ „Пецо Даскалот“ - Вранче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Пецо Даскалот“

Место
Општина: Општина Долнени
Наречено по: Пецо Даскалот
Нас. место: Вранче
Адреса: с. Вранче
Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации

Основно училиште „Пецо Даскалот“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Пецо Даскалот“ - Вранче; скратено: ПООУ „Пецо Даскалот“) — подрачно основно училиште во селото Вранче. Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Вранче и претставува дел од основното училиште „Пецо Даскалот“ од селото Долнени.[1]

Организација[уреди | уреди извор]

Училиштето се наоѓа во рурална средина, во село кое со текот на времето го опфатило голем бран миграција. Поради тоа, во него, во исти училници учат ученици од различни одделениија. Според податоците од локалната самоуправа на Општина Долнени, во учебната 2014/2015 година, во училиштето учеле 13 ученици во 3 паралелки од I до IX  одделение.[1]

Хуманитарна акција[уреди | уреди извор]

Во 2014 година, во рамките на цивилно воената соработка, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, припадниците на артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада организираа хуманитарна акција со која беа обезбедени новогодишни пакетчиња за децата од ОУ „Пецо Даскалот“ во Вранче.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Образование | Општина ДОЛНЕНИ“. www.opstinadolneni.gov.mk. конс. 4 декември 2018. 
  2. „Армија на Република Македонија“. www.arm.mil.mk. конс. 2018-12-04T18:52:16Z. 

Координати: 41°20′58.2″N 20°36′15.8″E / 41.349500° СГШ; 20.604389° ИГД / 41.349500; 20.604389