Ојцовски национален парк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ојцовски ационален парк
МСЗП Категорија II (национален парк)
Dolina Prądnika jesienią, widok z Góry Okopy.jpg
МестоПолска
Најблизок градОјцов, Малополско Војводство
Воспоставен(а)1956

Ојцовски национален парк (полски: Ojcowski Park Narodowy) — национален парк во Краковската област од Малополското војводство во јужна Полска, основан во 1956 година. Именуван е според селото Ојцов, каде што е сместено неговото седиште и управа. Фредерик Шопен го посетил Ојцов во 1829 година.

Тој е најмалиот национален парк во Полска, со првобитна површина од 14,4 км2, со проширување на 21,46 км2. Од оваа површина, на шуми отпаѓаат 15,28 км2, а површина од 2,51 км2 претстасвува строго заштитено подрачје. Паркот е сместен околу 16 км северно од Краков, во јурската Краковско-ченстоховска Висорамнина. Карстната (варовничка) топографија со растворлив состав на карпите го карактеризира земјиштето на паркот, кој покрај двете реки Пршник и Саспувка, содржи и бројни варовнички карпи, клисури и над 400 пештери.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]