Оштетување на слухот

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Оштетување на слух)

Оштетување на слух или глувост е состојба во која поединци делумно или целосно не се во можност да ги примаат ни препознаат честотите на звукот кој вообичаено може да го слушнат други поединки од истиот вид. Употребата на терминот оштетен алудира дека глувоста е недостаток кај животните, поглед кој не е прифатен кај припадницеите на Глувата култура, каде се претпочитаат термините Глув и наглув.

Јачина на звук, честота и дискриминација поради недостатоци[уреди | уреди извор]

Слуховната осетливост се мери со најтивкиот звук кој една личност може да го слушне, наречен праг на слушање.Овој праг на слушање кај луѓето и животните се мери со аудиограм. Има база на записи од најтивките звукови кои поттикнуваат реакција кај слушачот. Тестот е направен за звукови од различни честоти. Исто така има и електро-психолошки тестови за кои не е потребен реакциски одговор.

Прагот на нормално слушање кај различни видови на животни е различен. Ако се пуштат различни звуковни честоти во иста амплитуда, некои ќе бидат примени како гласни, а други како тивки или дури и целосно неслушливи. Нормално, ако опсегот се зголемува, звукот послено се прима. Вообичаено, кога животните го користат звукот како средство за комуникација, слухот кај тие животни е најразвиен за ваков вид на звукови, или во случај кај човекот тоа е говорот. Ваков вид на слушање постои на неколку нивоа во системот за слух, од физички карактерисктики на увото до нервите и пределот кој ги носи нервните импулси од органот за слух до мозокот.

Оштетување на слухот има кога еден поединец не е во можност да го слушне она што другите единки од ист вид го слушаат. Кај луѓето, оштетување на слухот се користи кога истите имаат потешкотии во примање на говорните честоти. До кој степен е оштетен слухот се одредува по тоа колку треба да се појача звукот од нормалниот за личноста да може да го слушне. Во случаи на потполна глувост дури и најгласните звуци кои се произведуваат од инструментот со кој се мери слухот –аудиометарот, не се примаат. Има уште еден гледиште во врска со слушањето, тој го вклучува квалитетот на звук а не јачината. Кај луѓето, ова обично се прави со проверка на распознавање на говорот. Всушност, со оваа проверка се бара, не само примањето туку и разбирање на звукот.

Поделба[уреди | уреди извор]

Оштетувањето на слухот се определува според видот (кондуктивно и сензоневрално или двете), според големината на оштетеност и почетоците на оштетување. Понатаму, оштетување на слухот може да има само на едното уво( унилатерално) и на двете(билатерално).

Кондуктивно и сензоневрално оштетување на слухот[уреди | уреди извор]

Кондуктивно оштетување на слухот е оштетување кое произлегува од нефункционирање на кој било механизам кои нормално ги спровеуваат звуковните бранови преку надворешното уво,ушното тапанче или коските на средното уво.

Сензоневрално оштетување на слухот е нефункционирање на внатрешното уво, особено на кохлеата каде звуковните бранови се претвораат во нервни сигнали, или во кој било дел од мозокот кој последователно ги преработува овие сигнали. Најголем дел од сензоневралната загуба на слух се поврзува со неправилности во влакнестите клетки во органот корти во кохлеата. Вакво оштетувања може да бидат присутни од раѓање како резултат на генетски или развојни неправилности, или произлегуваат од трауми или зарази за време на животот на поединецот. Но, исто така има многу несекојдневни сензоневрални оштетувања на слухот кои го вклучуваат VIII мозочен нерв, вестибуло-кохлеарен нерв, или во ретки случаи, ушната обвивка.

Оштетување на делови од мозокот кои го произведуваат звучните сигнали води до ситуација кога јачината на звукот е нормална но квалитетот на примениот звук е лош па говорот не може да се разбере.

Сензоневралното губење на слухот порврзан со неправилности на системот за слушање во мозокот се вика Централно оштетување на слухот.

Мерење на оштетеност на слухот[уреди | уреди извор]

a

Висината на оштетувањето на слухот се определува според јачината (мерена во децибели (dB)). Оштетувањата може да се поделат на благо, умерено, тешко и целосно или глувост :

  • благо :
    • кај возрасни: помеѓу 25 и 40 dB
    • кај деца: помеѓу 20 и 40 dB
  • умерено: помеѓу 41 и 55 dB
  • умерено накај тешко: помеѓу 56 и 70 dB
  • тешко: помеѓу 71 и 90 dB
  • целосно или глувост: 90 dB и повеќе

Осетливоста на звук варира во зависност од честотата на звукот. За да се земе ова предвид, осетливоста на звук се мери за определени честоти и поврзани со аудиограм.

За одредени правни цели како осигурителни тврдења, оштетувањата на слухот се опишани во вид на проценти. Ако се знае дека оштетувањето на слухот може да варира во однос на честотата и дека аудиограмите се сврзани со координатен систем, идејата за процентуалност на губење на слухот е произволна, но таму каде децибелите на оштетување се пресметани според позната правна формула, може да се пресмета стандардизиран’’процент на оштетување на слухот’’ кој е прифатлив само за правни цели.

Друг метод за мерење на оштетеност на слухот е (Тестот за слушање во галама- HINT). HINT технологијата беше развиена од стана на институт за ушни болести, и има за цел да ја мери способноста за разбирање на говор во тивки и гласни простории. За разлика од основните тонски тестови, каде се тестира едно по едно уво, HINT го прави тоа истовремено на двете ува, затоа што ваквото слушање е потребно за комуникација во гласни простории и за примање на звукот.

Почетоци[уреди | уреди извор]

Возраста на која започнало оштетувањето на слухот е од особена важност за спознавање со говорниот јазик.

Предговорна глувост[уреди | уреди извор]

Предговорната глувост е оштетување на слухот утврдено уште пред спознавање на говорот, и може да биде глувост од раѓање или оштетување на слух во млади години. Предговорната глувост ја спречува можноста на личноста за говорен јазик, но деца родени во пеjачки фамилии ретко имаат попречувања во развојот на говор.Повеќето од случаите на предговорна глувост се поради болести или трауми отколку генетски наследени, па така семејства каде има глуви деца скоро никогаш немаат претходно искуство со знаковниот јазик.

Постговорна глувост[уреди | уреди извор]

Постговорната глувост Post-lingual deafness е оштетување на слухот кој настанува по спознавање на говорот и може да биде последица на болести, траума, или како несакан ефект од некој лек. Обично, губењето на слухот е постепено и најчесто приметено од семејството и пријателите на дотичната личност пред самиот тој да го примети недостатокот. Најчестите третмани вклучуваат помошни апаратчиња и учење да се чита од уста. Постговорната глувост е далеку почеста од предговорната глувост.

Унилатерални и билатерални оштетувања на слухот[уреди | уреди извор]

Луѓето со унилатерални оштетувања на слухот (едностранична глувост SSD) имаат оштетување само на едно уво. Со ова се спречува можноста на личноста да ги лоцира звуците(на пр. распознавање од каде доаѓа галамата) и распознавање на звуци во позадина на гласни места. Слични последици произлегуваат од King-Kopetzky синдром (познат и како оштетување на слухот при нормалнен слух), што се одликува со невозможност за распознавање на звуци од позадина во гласни средини и покрај нормалното слушање на тестовите за слушање.

Предизвикувачи[уреди | уреди извор]

Долунаведените се едни од главните причини за губење на слухот.

Долготрајно изложување на галама[уреди | уреди извор]

Луѓе кои живеат близу аеродроми или автопати се изложени до степен на врева од 65 до 75 dB(А) опсег. Ако значителен дел од животот опфаќа надворешни или отворени простории, ваквите изложување може да го нарушат слухот. Америкаснскиот ЕПА и неколку држави одредија ограничување на вревата за да ги заштитат луѓето од овие несакани здравствени ризици. ЕПА одреди дека 70 dB(А) во рок од 24 часа изложеност како краен степен да ја заштити јавноста од губење на слухот и други несакани последици од галама, како попречување на сон и учење, проблеми поврзани со стрес,итн. (EPA, 1974 г.)

Губење на слух поради бучава (NIHL) обично се случува на 3000, 4000 или 6000 Hz. Како што се зголемува, оштетувањето ги погодува пониските и повисоките честоти. На аудиограм, добиената конфигурација има јасно одреден степен, понекогаш познат како “степен на галама”. Како што стареењето и други ефекти придонесуваат за раст на степенот на честоти( 6–8 kHz на аудиограм), овој степен може да биде занемарен и целосно да исчезне.

Погласни звуци предизвикуваат штета во пократок временски период. Проценка за “безбедно” време на изложеност е можно со користење на звукот не надминува 3 dB. Ако 3 dB e удвоен, изложеноста мора да биде намалена за половина за да ја одржува истата енергетска доза. На пример, “безбедно” дневно изложување е околу 85 dB A, познато како реакција на изложеност, за 8 часа, додека “безбедно“изложување на 91 dB A, е само 2 часа (Државен институт за безбедност и здравје при работа, 1988год.) Забележано е дека кај некои луѓе, јачината на звукот може негативно да делува и на помала јачина од 85 dB A. Изложување на други ототоксини (на пр. пестициди, некои лекови вклучувајќи ја и хемотерапијата, раствори итн.) влијаат лошо на оштетениот звук, но и самите го оштетуваат.

Некои од Американските агенции за здравје и безбедност (како Управа за безбедност и здравје при работа) и Управа за безбедност и здравје во рудниците), користат звук од 5 dB. Оваа гласност е најкористена, драстично ги намалува штетите предизвикани од гласни звуци. На пример, јачина од 115 dB, 3 dB ќе го ограничи изложувањето на пола минута; а 5 dB дозволува 15минути. Додека OSHA, MSHA, и FRA издаваат водичи за ограничување на звучно изложување на работното место, сепак нема никакви правило или закон за јачината во местата за рекреација како спортски сали, музички концерти, барови итн.. Ваквиот недостаток произлезе од недоволното финансирање на ONAK, Канцеларијата на ЕПА за ублажување и контрола на звукот, во раните 1980-ти. This lack of regulation resulted from the defunding of ONAC, the EPA's Office of Noise Abatement and Control, in the early 1980s. Во 1972 беше основан ОНАК со Акт за контрола на звукот, дополнет со работа за присап и намалување на галамата во околината.

Многумина не се свесни за присуството на штетните околинските звуци, или за прагот кога звукот станува штетен.Чести извори за ова може да бидат радио во колите, детски играчки, транспорт, толпа луѓе, градинарска и одржувачка опрема, моќни алатки, употреба на пиштол, па дури и на фен. Оштетувањата од галама е целосен процес; за да се оцени ризикот, сите извори на оштетување треба да бидат земени предвид. Ако некој е изложен на гласни звуци(вклучувајќи ја и музиката) и високи честоти или за подолг период ( 85 dB A или поголеми), тогаш доаѓа до оштетување. Звуковните честоти се зголемуваат со блискоста; кога изворот е поблиску до увото звукот е погласен.

Генетски[уреди | уреди извор]

Губењето на слухот може да е наследно. И постоењето на доминантните и рецесивни гени може да предизвика благо до сериозно оштетување. Ако во семејството има доминантен ген за глувост, тој ќе се провлекува низ генерации и ќе се одрази на потомокот иако е наследено само од еден родител. Ако пак во семејството има генетско оштетување на слухот предизвикано од рецесивни гени нема секогаш да се пренесе на следната генерација и на потомокот ќе мора да биде пренесено од двата родитела. Доминантното и рецесивно оштетување на слухот може да биде синдромично и несиндромично. Скорешите испитувања на гени укажаа на голем број несиндромични доминантни( DFNA#) и рецесивни (DFNB#) форми на глувост.

  • Најчест тип на вродено оштетување на слухот во развиените земји е DFNB!, познат и како Конексин глувост 26 или ГЈБ2 (GJB2)- глувост. Најчестите доминантно-синдромични форми на оштетување на слухот се Стиклеровиот синдром и Варденбурговиот синдром.
  • Најчести рецесивно-синдромични форми на оштетување на слухот се Пендредовиот синдром и Ашеровиот синдром.
  • Вродениот неправилност, микротиjа, може да предизвика целосна или делумична глувост што зависи од големината на деформитетот и дали се или не се оштетени делови од внатрешното и средното уво.

Зарази/ болести[уреди | уреди извор]

  • Сипаниците ги напаѓаат и уништуваат слуховните нерви
  • Менингитисот може да го оштети слуховниот нерв или кохлеата
  • Автоимунски зарази скоро беа признаени како потенцијална причина за кохлеарно оштетување. Иако ретко, можно е автоимунските процеси да нападнат точно на кохлеата, без симптомите да влијаат на другите органи. Wegener's granulomatosis е една од автоимуните состојби кои може да влијаат на оштетување на слухот.
  • Заушки (Epidemic parotitis) има нуспојава со тешко сензоневрално губење на слухот (90  dB или повеќе), унилатерални(едно уво) или билатерални (двете уши)
  • Presbycusis е прогресивно оштетување на слухот проследено од годините, најчесто реагира на осетливоста на појаки честоти(над 2кHz).
  • Аденоидите кои нема да исчезнат во адолесцентноста може да напреднат и да пречат на еустахиевата труба, предизвикувајќи преносливо оштетување на слухот и назални инфекции кои се шират до средното уво.
  • Заболените од AIDS и ARS честопати патат од аномалии на системот за слушање.
  • HIV (и следствено инфекции) може дирекно да влијаат на кохлеата и централниот систем за слух.
  • Кламидијата може да го предизвика губењето на слухот кај новороденчиња кај кои оваа болест е пренесена со раѓање.
  • Забележано е дека фетален алкохолен синдром може да предизвика губење на слух до 64% од младите чии мајки биле алкохоличарки, од ототоксичниот ефект кај фетусот плус лошата исхрана за време на бременоста од претераното консумирање алкохол
  • Предвемено раѓање резултира со сензоневрално губење на слухот кај 5% од случаите.
  • Сифилис често се пренесува од трудна жена на нејзиниот фетус, и една третина од инфицираните деца времено ќе оглуваат.
  • Отосклероза е стврднување на чеканчето(или узенгија) во средното уво со што се губи слухот.
  • Superior canal dehiscence, празнина во заштитната коска над внатрешното уво, може да доведе до ниски честоти и губење на слухот, автофонија и вртоглавица.

Антибиотици[уреди | уреди извор]

Некои антибиотици предизвикуваат трејни оштетувања на увото, па затоа и се ограничени во нивната употреба. Најважна група се аминогликоцидите (претставник е гентамицинот).

Некои лекови пак може спровитно да влијаат на слухот. Тука спаѓаат деуретици,аспирин, и NSAID и макролидни антибиотици.

Преголема доза на хидрокодон може да предизвика оштетување на слухот. Се зборува дека радиоводителот Раш Лимбо оштетувањето на слухот делумно го здобил од зависноста на наркотично опојни средства, особено викодин и оксиконтин.

Изложување на ототксични хемикалии[уреди | уреди извор]

Покрај лековите, губење на слухот може да предизвикаат и некои дроги, метали како олово; раствори. Ова се претежно индустриски хемикалии,кои не се користат по домовите. Заедно со галама, овие ототоксични хемикалии предизвикуваат зависност и губење на слухот.

Загуба на слухот поради хемикалии започнува од високите честоти и е неповратна. Ја оштетува кохлеата со и попречува клучни делови од системот за слушање. На некои хемиско-ототоксински изложувања, особено стирен ризикот од губење на слухот е поголем отколку изложување на галама. Контролирање на галамата и носење на заштитни средства, не ги спречуваат негативните последици од хемикалиите кои водат кон губење на слухот. Сепак, антиоксидансите помагаат да се спречи загубата на слухот, барем до некое ниво.

Физичка траума[уреди | уреди извор]

  • Повредата може да биде на самото уво или на центрите во мозокот кои ги пренесуваат звучните информациите спродевени од увото.
  • Луѓето кои имаат повреда на главата се особено наклонети кон губење на слухот или тинитус, привремено или трајно.
  • Изложување на многу гласни звуци (90 dB или повеќе, како што се моторите на авионите) може да предизвика забрзано губење на слухот. Изложување на еден настан со екстремно гласен интензитет (како експлозија) исто така може да предизвика привремено или трајно губење на слухот. Типичен пример за акустична траума е екстремно гласен музички концерт.

Третмани и превенција[уреди | уреди извор]

Пристап[уреди | уреди извор]

Ако губењето на слухот се случило во млади години, контакт со спознавање на говорниот јазик и општествени вештини може да се случи. Помошните справи за слушање, кои ги нагласуваат приемните звуци, може да ги ублажат проблемите предизвикани од оштетувањата на слухот, но сепак се недоволни. Импланти на кохлеата вештачки го стимулираат VIII-от нерв со создавање на електричен импулс кој е замена за влакнестите. Имплантите на коклеата не само што се скапи, но бараат софистицирано местење и воедно тренирање на пациентот за да се постигне саканиот ефект. На луѓето кои имаат проблеми со слушање,особено уште во младите или постари години, им е потребана поддршка и техничко приспособување како дел од процесот на рехабилитација. Скорешни испитување покажаа различни резултати но некои пак истражувања покажаа дека ако имплантот се постави уште во многу млади години, некои трајно оштетени деца може да се здобијат со квалитетен слух и говор, особено ако се потпомогнати со соодветни рехабилитации како слухо-вербална терапија.

Начини на лекување[уреди | уреди извор]

Во Заедницата на глувите постои скептичност во врска со имплантите на кохлеата. Кај поголемиот дел,постои одбивност кон оние кои го изгубиле слухот во подоцнежните години или возрасните членови на Заедницата (доброволно) да избираат да им бидат вградени импланти на кохлеата. Голем број членови на Заедницата строго се спротивставуваат глуво дете да носи имплант на коклеата (често по совет на специјалист ; младите родители може не се доволно информирани како да одгледуваат глуви деца) и да се сместуваат само во говорни програми кои ги ставаат говорните и слуховни можности пред другите форми на комуникација како знаковниот јазик.

Друг проблем е, детето кое има имплант треба да избегнува тимски или спортови каде има допир со другите играчи за да се намали ризикот од повреда на глава.

Генска терапија[уреди | уреди извор]

Истражување во 2005год. даде позитивни резултати за обновување на влакнестите ќелии на кохлеата кај заморчињата. Она што е важно да се напомене е дека обновувањето на влакнестите ќелии не ја поттикнува осетливоста на звук затоа што приемните ќелии може но и не мора да остварат врска со невроните кои ги носат сигналите од влакнестите ќелии до мозокот. Истражување од 2008год. покажа дека генска терапија со целна група Atoh1 може да поттикне раст на влакнестите клетки да придонесе за невронски процеси кај ембрионско глувче. Се надеваме дека еден ден ваков сличен третман ќе го намали губењето на слух кај луѓето.

Приспособување на оштетен слух[уреди | уреди извор]

Голем број луѓе со оштетен слух секојдневно користат помошни апаратчиња :

  • Поединци може да комуницираат по телефон користејќи Телекомуникациски апарат за глуви (TDD). Овој апарат изгледа како машина за куцање или произведувач на зборови и го пренесува искуцаниот текст преку нормални телефонски линии. Во секојдневна употерба се среќаваат како текст телефони или миником.
  • Има неколку нови технологии како Телекомуникациско пренесувачки услуги (Telecommunications Relay Service), вклучувајќи IP поврзување и пишувачко телефонски технологии. Мобилните текст телефони се појавија на пазарот во 2004год. овозможувајки двонасочнао пишување.
  • Видео телефоните и слични видео технологии може да се користат за разговори на дистанца со употреба на знаковниот јазик. Технологиите за видео конференции овозможуваат знаковни разговори и исто така овозможуваат англиски толкувач на знаковниот јазик помеѓу глуво и неглуво лице без употреба на ТТY апарат и компјутерски тастатури.
  • Во САД, Велика Британија, Холандија и многу други западни земји има Телекомуникациско пренесувачки услуги, па лицата со оштетен слух може да комуницираат по телефон со неглуво лице преку човеков преведувач. Безжичниот интернет, интернетот и мобилните телефони/смс и други текст пораки ја преземаат улогата на ТАГ(телекомуникациски апарати за глуви).
  • Гласовно зачувување е услужен центар каде говорот на зборувачот е зачуван од трето лице и му се овозможува на лицето со оштетен слух да води разговор со другото лице по телефон.
  • Кучиња за глуви се посебен вид на помошни кучиња специјано одбрани и тренирани да им помагаат на глувите и на лицата со оштетен слух алармирајќи ги на нивната рачка за важни звуци како звоно, димни аларми, телефони или аларми на саат.
  • Други помошни средства се знаковни сигнални за ѕвонење на телефон врата или аларм за пожар.

Извори и интервенции[уреди | уреди извор]

Голем број помошни техники, како апатарчиња за слушање, се досапни за лицата со оштетен слух. Луѓето со кохлеарни импланти, и други помошни средства за слушање може да користат и дополнителни апаратчиња да ја намалат галамта од позадина или да го подобарат далечинскиот звук нарушен од лошиот квалитет на ѕидовите, подовите и мебелот.

Постојат три типа на безжични справички од кои еден е FM системот. Со него лесно може да се управува во различни места бидејќи работи на батерии. Затоа е подвижен и не треба да бидеш експерт да ракуваш со него. Слушачот со себе носи примач и слушалка. Друг безжичен систем е спроведувач на звукот кој му овозможува на слушачот со оштентен слух да е ослободен од носење на примач,но притоа имајќи предвид дека слушачот има некаков вид на слуховна помош или кохлеарен имплант со додаток наречен телекоил. Ако пак слушачот нема вакво нешто тогаш мора да носи примач со слушалки. Третиот вид на безжични средства за луѓето со оштетен слух е инфра црвената направа која исто така налага слушачот да носи примач. Обично предавателот за ИЦ направи, односно оној дел кој го испраќа сигналот користи АЦ прилагодувач. Предноста на ИЦ безжичен систем, е што луѓето во споени соби не може да им го слушаат разговорот, и е доверлив и неопходен за ситуации каде приватноста и доверливоста се потребни. Друг начин да се здобие доверливост е со употреба на хардверски засилувач кое не пропушта сигнали зад ушниот дел кој е приклулен дирекно во засилувачот. Засилувачот во него има и микрофон или е приклучен на него.

На училиште,за децата со оштетен слух исто така може да се помогне многу. Некои од работите кои може да се направат е да се обезбедат погодни места за седење на детето. Ова може да се направи со седење во првите редови, колку што е можно поблиску до професорот за да може полесно да слуша или да има можност да чита од уста. За време на предавањето професорите во најголем дел од времето да бидат свртени кон овие студенти да може послено да слушаат или да го прочитаа од уста на професорот она што тој го кажува. Да се отстрани непотребната галама во предавалната. Ако студентот со оштетен слух носи помошно апаратче тогаш се во можност да слушат многу непотребни звукови. Па затоа е потребна тотална тишина за време на часот како би се избегнале овие несакани звуци. Многу е важно да се групираат студенти со штетен слух со оние со нормален слух. Ова е добро за студентот затоа што може да го праша својот колега за забелешки или работи кои не ги слушнал добро за време на пердавањето. Кога се предава на лица со оштетен слух,професорот треба да се свртува наназад колку е можно повеќе. Тоа му овозможува на професорот да пишува на табла но исто така да го задржи контаткот со студентот со оштетен слух. За студентите кои се целосно глуви, најчеста метода е комуникацијата да се одвива преку преведувач притоа користејки знаковен јазик.

Глувост кај децата[уреди | уреди извор]

Дванаесет проценти од децата на возраст од 6-19 г. имаат трајно оштетување на слухот поради предолго изложување на преголеми честоти. Американската академија на педијатри советува децата да се тестираат повеќепати за време на школувањето. Кога ќе тргнат на училиште ; Барем еднаш за време на основно образование; Барем еднаш во средно образование

Покрај откривањето на деца со загуба на слух, училиштата може да ги образоваат за опасностите од излижување на ризични звуци. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои претходно биле предупредени за несаканите последици на високите честоти и нивна превнција повеќе користат заштита на работа и во нивните секојдневни животи.

Предговорно оштетување[уреди | уреди извор]

Кај децата, губењето на слухот може да доведе до општествена изолација поради неколку причини. Прво, детето се соочува со побавен општествен развиток, кој во голема мера е поврзан со бавното усвојување на јазикот. Исто така е поврзано со неможноста да ги разберат звучните општествени сигнали. Сето ова може да придонесе глувата личност да стане раздразлива. Детето кои користи знаковен јазик, или е дел од Суб-културата на глувите, можно е да не ја осети оваа изолација, особено ако тој/таа посетува училиште за глуви, но пак може да почувствува оддалеченост од своите родители ако тие не го знаат знаковниот јазик.

Детето кое може да зборува, може да осети општествена изолација од своите врсници, особено ако никој не го научи општествени вештини со кои другите деца се здобиваат кога имаат нормален слух. Детето кое има тешко оштетување и користи знаковен јазик може да биде отфрлено од глувите врсници, поради незаразбирливо отфрлање на постојните говорни и говорно-читачки можности. Некои во Заедницата на глувите, ова го гледаат како отфрлање на нивната култура и нивните обичаи па затоа превентивно ја отфрлаат личноста.

Постговорно оштетување[уреди | уреди извор]

Оние кои го изгубиле слухот подоцна во животот, како во поодмината адолесценција или како возрасни, се соочуваат со предизвикот и како до независен живот. Може ќе треба да се привикнат на користење помошни слуховни апаратчиње или кохлеарни импланти, да развијат говорно-читачки способности, и/или да го научат знаковниот јазик. Личноста може ќе треба да користи телетип, преведувач, или телефонски преведувач за да може да зборува по телефон. Осаменоста и депресијата може да дојдат како резултат на изолација (од неможноста да комуницираат со пријателите и саканите) и неприфаќањето на нивната состојба. Адаптацијата за оние околу нив да се соочат со глувоста на другата личност е уште поголем предизвик. Многу врски може да се распаднат поради емоционални конфликти кога нема доволна комуникација помеѓу членовите на семејството. Всушност не само личноста со слаб слух е онаа која се чувствува изолирана, туку и оние околу неа го имаат истото чувство, кога некој не ги слуша или не им окренува внимание, особено кога губењето на слухот се случува постепено. Многу луѓе одбиваат да носат помошни средства за слушање од причина што мислат дека ќе изгледаат старо, бидејќи глувоста најчесто е поврзувана со старите луѓе, а што е еднакво на неефикасност во некои општества. Тогаш членовите на семејството се оние кои се повредени од помислата дека не му знаќат доволно на нивниот партнер да би направил промена и да ја поедностави комуникацијата.

Владина политика[уреди | уреди извор]

Лицата со оштетен слух имаат бесплатно и соодветно образование. Ако едно дете се стави во ранг на лица со оштетен слух и добива поединечен образовен план, наглежниот тим треба да ги земе предвид јазичните и комуникациски потреби. Исто така треба да биде во можност за дирекна комуникација со своите врсници и професионалци. Тука треба да се обрне внимание и на академското ниво, и сите порреби на студентот. Владата исто така прави разлика од глувост и оштетен слух. Оделот за образование на САД наведува дека глувоста е најтешкото оштетување на слухот што доведува до неможност за примање на каква било говорна информација иако личноста има помочно апаратче. Но наведува дека оштетување на слух е кога образованието на лицето е под влијание на тоа колку лицето е во можност да слуша. Оваа дефиниција не е вклучена под поимот глувост. За да добие посебен третман, личноста мора да слуша над 20db, и загубата на слух мора да влијае на нивното образование. Ова е ставот на владата за владините политики и поединечни услуги.

Училиште за глуви vs. слуховни училишта[уреди | уреди извор]

Од причина што нарушениот слух денес е честа појава кај децата во САД, прешањето е која е најдобрата училишна околина за нив. Мислењата се поделени меѓу оние кои живеат во Заедници на глувите и оние кои имаат глуви членови во семејствата а не живеат во овие заедници. Заедниците на глуви се оние заедници каде не се зборува никој друг вид на јазик освен Знаковниот американски јазик. Повеќето родители кои имаат дете со слаб слух не сакаат тоа да биде во толку ригорозни училишни околини. Ова всушност значи дека родителите сакаат нивните деца да одат во нормални училишта колку што е можно повеќе. Сепак, има родители кои живеат во Заедници на глувите, и мислат дека запишувањето на нивните деца во училиште каде сите деца се глуви е посоодветно. Една од причините зошто родителите ги избираат овие училишта е што во обичните, ученикот нема да може да комуницира со останатите соученици ако тие не го знаат АЗЈ. Во посебните училишта каде сите деца го знаат истиот јазик, ќе може да комуницираат подобро и без грижи дека ќе бидат исмејувани од страна на другите деца. Иако може ова е точно, сепак предноста за запишување на децата во нормално училиште е што ќе може да ги напреднат своите општи вештини кога се во контакт со другите деца без аномалии. Преку дружење со овие деца, оние со оштетен слух може да се запознаат со други култури што во иднина може да им користи, ако бараат работа или живеат сами во околина каде ќе бидат малцинство.

Култура на глувите[уреди | уреди извор]

Култура на глувите е поим кој се употребува во општествените движење и гледа на глувоста како разноликост во изразување а не како аномалија. Кога се употребува во културолошка смисла, зборот глув, најчесто се пишува со голема буква. Заедницата на глувите не ги прима веднаш оние клинички или правно глуви, ниту пак ги исклучуваа оние луѓе што нормално слушаат. Според Ана Миндес, она што го прави припадник некој на Заедницата на глувите не е степенот на оштетеност на слухот, туку личното чувство на припадност и резултатот од нивните дејствувања. Како и во сите општествени групи, една личност е член на Заедницата на глувите ако се идентификува со припадниците и самата група, и ако другите членови ја прифатат како дел од нивната заедница. Заедницата на глувите обично вклучува личности кои комуницираат со знаковен јазик, личности кои посетувале училиште за глуви, деца на глуви родители, и знаковни преведувачи. Заедницата на глувите често се разилкува во културните и социјални норми од околните слуховни заеници.

Членство во Заедницита на глувите[уреди | уреди извор]

a
Merikartano- училиште за глуви студенти Оулу,Финска

Заедниците на глувите најчесто, но не и секогаш се состојат од глуви ченови. Глувоста кај децата и адолесцентите во најголем број случаи не е наследна, па затоа Заедниците на глувите се ретки кај културните групи : само 10% од Глувата популација ја се стекнува со својата култура од Глуви семејства. Културата на глувите се стекнува во училиштата за глуви и Општествените клубови за глуви, и двете ги соединуваат глувите луѓе во заедници каде може да се пронајдат себеси. Да се стане член за Заедницата на глувите, за секого е различно и се случува во различен временски период, во зависност од околностите во животот на поединецот. Мал дел поедици ја стекнуваат оваа култура во детството од нивните Глуви родители, други ја здобиваат во училиште, а други пак може нема да дојдат во контакт со неа сè до факултет или па дури и подоцна.

Деца на глуви родители[уреди | уреди извор]

Децата на глувите родители, но самите со нормален слух, може да се сметаат себеси, и да бидат сметани, како Културно глуви, или како членови на Заедницата на глувите. Во некои случаи може треба да одат на говорна терапија бидејќи не се доволно изложени на говорен јазик.

Здружение исто така наречено, е основано во 1983година и до ден денеска одржува годишни конференции. Исто така има групи за поддшка на глувите родители кои се загрижени за одгледувањето на нивните деца, и исто групи за поддршка за возрасните.

Исто така основани се и неколку кампови за Деца на глуви возрасни, обично тинејџери или помлади, како Camp Mark Seven кој има двонеделна различна програма за овие деца, една за оние на возраст од 9-12год. а друга програма за оние од 13-16 г., обично за време на лето, од последната недела на Јуни до средина на Август.

a
Ученици во училиште за глуви во Багдад, Ирак (Април 2004).

Разлики во културата на глувите[уреди | уреди извор]

Ана Миндес забележува дека нема една еднолична Култура на глувите. Има многу различни Култури на глувите низ светот кои комуницираат користејки различен знаковен јазик, и практикуваат различни културни норми. Идентитетот на глувите исто така се разликува со други видови на културни идентитети. На пример, во Американската култура на глувите има дел до Африкасно-американска култура на глувите, Лезбејска и геј култура на глуви, Култура на глувите жени, Латино-американска култура на глуви, Американско-индијанска култура на глуви, и многу други. Бројот на оне кои првенствено се идентификуваат со Глувост пред други припадности исто така варира. Минден истакнува истражување од 1989 каде “87% од анкетираното црнечко глуво население првин се идентификува со нивната Култура на црнците.

Одлики на Културата на глувите[уреди | уреди извор]

Знаковен јазик[уреди | уреди извор]

Членовите на заедниците на глувите обично комуницираат преку знаковниот јазик, со видливи разлики во јазикот низ различни делови во светот. На пример, низ Велика Британија и САД се користи англискиот како најчест говорен јазик, но знаковниот јазик кој овие земји го користат се разликува. Во Велика Британија, доминантен знаковен јазик е Британскиот знаковен јазик, додека пак во САД се користи Американскиот знаковен јазик. Секој од овие јазици има различна граматика и вокабулар, резултат на различното потекло на двата јазика.

Норми[уреди | уреди извор]

Покрај употребата на знаковниот јазик, Културата на глувите има специфични начини на однесување и ставови кои ги дефинираа нивните општествени норми.

Норми на Глувата американска култура[уреди | уреди извор]

  • Многу е важно да се посвети големо внимание на она што се случува во околината и истото да им се пренесе, бидејќи глувите луѓе не знаат што што се случува кога ќе изгубат визуелен контакт. Вообичаено е да се даде детална информација кога излегуваш рано или се вракаш дома доцна, а некажување на таква информација се смета за непристојна.
  • Запознавањата се битен аспект од Културата на глувите. Со ова се прават напори да се пронајде заедничкото потекло. Потрагата по врски е потрага по поврзаност.
  • Се гледа различно на времето. Пораното појавувањето на важни настани, како предавања е вообичаено. Ова произлегува од потребата да се фати подобра позиција за седење за подобра визуализација. Но исто така е вообичаено да се доцни на средба со пријатели за на кафе или за игранки со деца. Ова доаѓа од фактот дека порано,пред да се појават СМС-пораките, немало начин како да известат некого дека ќе доцнат. Меѓутоа, на Социјали настани за глуви, како забави, се останува колку што може повеќе, каде солидарност и муабет на вакви настани за Глувите се ценат од страна на Културата на глувите. Ова може да се објасни со фактот дека Заедницата на глувите се протега низ целата земја, значи кога ќе се соберат има многу работи кои треба да ги ”надоместат”.
  • Позитивен став кон глувоста е очекуван во Заедницата на глувите. Во Културата на глувите, глувоста не се смета за појава која треба да се поправи. И мора да се сфати важноста на АЗЈ за Заедницата на глувите. АЗЈ го претставува ослободувањето од јазичното малцинство, со години угнетувано од говорното учење. Затоа овој јазик е толку ценет за идентитетот на Заедницата на глувите.

Верувања[уреди | уреди извор]

Одбивност кон коклеарни импланти[уреди | уреди извор]

Во Заедниците на глувите, постои строго противење за користење на кокчеарни импланти и понекогаш и за помошни апаратчиња, и други слични технологии. Ова се оправдува со погледот дека глувоста не е нешто што треба да се “поправи”. Други расправаат дека со ваквите технологии се заканува пропаст на Културата на мртвите, но Кетрин Вудкок мисли дека поголема закана за Културата на глувите е ”одбивањето на потенцијални членови само затоа што порано слушале, или затоа што нивните родители решиле нивните деца да носат коклеарни импланти, затоа што мислат дека звукот ќе им користи. Коклеарните импланти може да ја подобрат примањето на звукот за оние погодните носители, но не ја отстрануваат глувоста, ниту произведуваат нормално примање на звукот.

Одбивање на говорно учење како метод[уреди | уреди извор]

Постои голема одбивност во Културата на глувите кон говорниот начин на предавање на глувите деца да зборуваат и да читаат од уста со ограничена или без употреба на знаковен јазик во училиштата. Методот има за цел глувите деца полесно да се сноаѓаат во нормална околина, но предностите не се докажани. Употребата на знаковниот јазик е главна цел во идентитетот на Глувите и обидите да се намали неговата употреба се сметаат за напад.

Терминологија[уреди | уреди извор]

Поимот глув[уреди | уреди извор]

Поимот глув во различни контексти има различни значења.

Медицинска и правна дефиниција[уреди | уреди извор]

Од медицински аспект, поимот глув(се пишува со мало г) се покажува физичка состојба која се одликува со тешко или никаква реакција на слуховна осетливост на звук. Во правото пак, глувоста се одредува со степенон на оштетен слух, иако зборот глув се користи за најтешките случаи на оштетен слух. За пониски степени, се користи терминот оштетување на слух. Овие степени вклучуваат длабока или тотална глувост ( 90dB- 120dB и повеќе), тешко оштетување (60dB- 90dB), умерено оштетување (30dB – 60dB), слабо оштетување (10dB – 30dB).

Културолошка дефиниција[уреди | уреди извор]

Во културолошки контекст, поимот “Глув”(напишан со големо Г ) означува припадник на група, најчесно но не и секогаш составена од индицидуи кои се медицински глуви, и поседуваат норми различни од околните заедници.

Други значења[уреди | уреди извор]

Поимот глув исто така се користи со метафорично значење кога некој не сака да слуша, да се покори или да признае авторитет. Фразата “тонски глув” се однесува на некој кој не може да ги распознае музичките ноти.

Глув, делумно глув, наглув и со оштетен слух[уреди | уреди извор]

Терминот глув се однесува на длабока загуба на слухот. Лицата со тешка или умерена глувост најчесто се опишани како “делумно глуви” или наглуви, додека пак оние кои се со слаба глувост се нарекуваат “лица со ослабнат слух”. Терминот наглув може да се користи да ги опише сите нивоа на губење на слухот, вклучувајќи ја и целосната глувост. Најчесто ја користат лица кои подоцна оглувеле отколку оние кои пораснале глуви. Во случаите на потполна глувост, ова може да биде еуфемизам, за поедноставна и почеста глувост. Интересно но, ова се гледа како еуфемизам само од луѓето од “другата страна”. Членовите на Заедницата на глуви не сакаат да бидат нарекувани,со оштетен слух или глувички, врз основа на тоа што за нив глувоста е патолошка состојба. Целосна глувост е многу ретка. Повеќето може да слушнат барем некои звуци на одредени честоти, но ова слушање не е доволно за говорна комуникација како што е разговорот.

Глувоста низ историјата[уреди | уреди извор]

Концептот е да се охрабрат Глувите луѓе, поради историјата на дискриминација со која се соочувале.Многу Глуви поединци се соочиле со аудизам, нов термин кој означува дискриминација врз основа на неможноста да слуша. Во минатото Глувите луѓе се сметале занеспособни за апстрактни мисли, бидејќи не можеле да ги изразат своите мисли без говор. Овој начин на мислење се смени во периодот на Просветлување. Идеологијата во овој период се фокусираше на научни мисли. Произлегоа две позначајни училишта кои се занимаваа со тоа кој метод е најдобар за Глувите деца :со визуелен знаковен јазик или зборување и истовремено читање од уста. Но бидејќи во овој период на знаковниот јазик се гледаше со предрасуди, и нееднаков со говорениот јазик, и недоволниот вокабулар за апстрактното, и немање на граматика, оралното училиште ја зема контролата на образование на глувите насекаде. Но со овој вид на образование, глувите деца добиваат негативни и погрешни погледи за глувоста, и надреденост на зборувањето над знацирањето, и дека луѓето кои зборуваат се попаметни. Голема е потребата ваквите мисли да се отстранат кога ќе пораснат и веќе се дел од Културата на глувите. Кога Вилијам Стокоу (Wiliam Stokoe) и други јазичари покажаа дека АЗЈ е вистински јазик со своја граматичка структура, Глувите луѓе во Америка добија мотивација да бараат признавање на правно општество на основа на Американска глув култура и нивен статус како лингливстичко малцинство. доби признание за време на протестите на Универзитетот Галаудет во Вашингтон, во мај и октомври 2006година. Овој универзитет сè уште е единствениот универзитет каде сите програми кои се изведуваат се специјално направени и прилагодени за глуви и со нарушен слух.

Знаковен јазик[уреди | уреди извор]

a
Знаковни преведувачи кои работат како тим.

Знаковниот јазик е јазик, кој наместо акустично спроведени звучни примери, содржи визуелно преносливи примери (рачна комуникација, јазик на телото и усни модели) за да ја пренесе смислата – симултано комбинирајќи рачни форми, насококи и движења на шаката, раката или телото, и изрази на лицето за подобро да се пренесе мислата на говорителот. Знаковните јазици најчесто се развиваат во заедници на глувите, каде се вклучени преведувачи, пријатели и фамилии на глувите,но и на оние со ослабен слух. Знаковниот јазик се развива на места каде има заедници на глувите. Всушност, нивната пространа граматика се разликува од граматиката на говорениот јазик.

Стотици знаковни јазици се во употреба низ светот и е во рамките на локалната Култура на глувите. Некои од знаковните јазици се здобиле со одреден вид на правно признание, додека други сè уште се без статус. Во прилог на знаковниот јазик, се развиле неколку знаковни кодови на говорените јазици, како Знаковниот англиски и знаковниот Валпири јазик. Овие не треба да се мешаат со јазиците, говорениот или знаковниот; знаковен код од говорен јазик едноставно е знаковен начин кој со себе го носи јазикот, исто како што и пишуваниот систем е пишан начин. Знаковните кодови на говорните јазици може да бидат корисни за учење на говорни јазици или за изразување и дебата на цитати од тие јазици, а обично се чудни и не се користат во секојдневен дискурс. На пример, професор и глув студент на англиски а во САД може да се користат со Знаковниот англиски да доловат примери од англиско потекло, но разговорот ќе се одвива на АЗЈ. Неколку добро развиени знаковни јазика се медиум за сценски изведби како знаковно-јазичната поезија. Многу од поетските механизми кои се достапни за знаковните поети за говорните не се.

Знаковниот јазик низ времето[уреди | уреди извор]

a

Пишаната историја на знаковниот почнува во 2век п.н.е Јуда со записите во Талмудот на Мишнах кој вели дека за трговско разменски цели :Глувиот може да комуницира со гестови. Бен Батира вели дека и самиот може да го прави истото со движење на устата. Ова учење било добро познато во еврејските општества каде учењето на Мишнах било задолжително од детство. Во 1620год.- Мадрид, Хуан пабло Бонет ја објави книгата “Преобразба на буквите и уметноста за да се начуат немите да зборуваат”. Се смета за прва модерна дискусија во фонетика и логопедија, каде поставува начини на орално образование за глувите луѓе со употреба на рачни знаци, во форма на рачна азбука како би ја подобрил комуникацијата меѓу глувите и немите. По пример на знаковниот јазик на Бонет, во 18век, Шарл-Мишел де л'Епе, ја создава својата азбука, која буквално остана непроменета сè до денес. Во 1755, Абе де л’Епе, го основа првото приватно училиште за глуви деца во Париз; Лорен Клер несомнено му беше еден од најпознатите дипломци. Подоцна, заедно со Томас хопкинс Галудет, замина во САД да го основа Американското училиште за глуви во Хартфорд, Конектикат.Во 1857, синот на Галудет, Едвард помладиот Галудет, основа училиште за глуви, кое подоцна,во 1864 прераснува во Универзитет Галудет во Вашингтон ДС, еднинствениот универзитет за либерални уметности од и за глувите луѓе во светот. Општо земено, секој говорен јазик има знаковно- јазична копија затоа што секоја јазичаричка популација има Глуви членови кои ќе го создаваат знаковниот јазик. Исто како што географските и културните сили влијаат на промени кај популацијата и новите генерации со изменети говорни јазици, така влијаат и на знаковниот јазик, кој се бори да остане колку е можно непроменет. Ова се случува иако знаковниот јазик нема никаква поврзаност со говорниот на местата каде настануваат. Но за ова има исклучок, бидејќи некои региони со говорни јазици немаат никаква поврзаност со знаковниот јазик. Варијации во “националниот” знаковен јазик обично може да бидат поврзани со географската местоположба на постојните училишта за глуви. Меѓународниот знаковен јазик, порано познат како Гестуно (Gestuno), најчесто се корист на меѓународни случувања за Глувите како Олимпијадата за глуви,и собири на Светската федерација за глуви. Поскорешни студии тврдат дека додека Меѓународниот Знак е вид на пиџин, е покомплициран и всушност е како целосен знаковек јазик.

Знаковниот јазик и лингвистиката[уреди | уреди извор]

Во рамки на лингвистиката, знаковните јазици се богати и комплексни како и секој говорен јазик, и покрај честото недоразбирање дека не се “прави јазици”. Професионални јазичари ги проучувале знаковните јазици и заклучиле дека ги имаат сите потребни елементи да бидат класифицирани како вистински јазици. Знаковниот јазик не е мимика, со други зборови, знаковите се разбирливи, често произволни и не мора да имаат визуелна врска со именуваната цел, како што и говорниот јазик не е ономатопејски.

Знаковните јазици, како и говорните, се составени од елементи, од беззначајни единици(фонеми :порано нарекувани кереми во случаите на знаковниот јазик) до битни семантички единици. Елементите на знаковниот јазик се Облик на рака (форма на рака), Ориентација(ориентација на шаката), Локација (место на артикулацијата), Движење, и нерачни показатели (движења на лицето), соединети во акронимот HOLME. Примачот на знаковната порака може да заклучи за што се зборува од рацете, фацијалните движења и позицијата на телото на “говорителот” во истиот момент. Ова е сосема различно од говорниот јазик, каде звукот кој ги произведува зборовите најчесто се последователни (со исклучок на тонот).

Врската на знаковиот со говорниот јазик[уреди | уреди извор]

Најчеста заблуда за знаковниот јазик е тоа што се мисли дека е зависен од говорениот јазик, односно дека тоа е говорен јазик преносен во гестови, или дека е измислен од луѓе кои слушаат. Професорите со нормален слух, како што е Томас Хопкинс Галаудет, најчесто се посочувани како “создавачи” на знаковниот јазик.

Рачната азбука (спелување со прсти) најчесто се користи во знаковниот јазик за лични имиња или некој технички или специфичен вокабулар од говорниот јазик. Употребата на спелувањето со прсти беше земено како доказ дека знаковниот јазик е само поедноставена верзија на говорниот, но всушност е само една алатка меѓу многуте. Понекогаш, спелувањето со прсти може да биде извор за нов знак, кои се наречени лексички знаци. Во целина, знаковниот јазик на глувите е независен од говорниот и има свој пат на развиток. На пример, Британскиот знаковен јазик и Американскиот знаковен јазик се доста различни, иако слуховните луѓе во Британија и Америка го користат истиот говорен јазик.

Слично на ова, земјите кои користат ист говорен јазик може да имаат два или повеќе знаковни јазика; а пак области кои зборуваат различни јазика може да имаат еден ист знаковен јазик. Јужна Африка е добар пример, има 11официјални фоворни јазика и уште толку неофицијални а има само еден знаковен јазик со две варијации како резултат на двете најголеми институции за глуви во минатото кои зафаќале различни географки делови од земјата.

Пространа граматика и истовременост[уреди | уреди извор]

Знаковниот јазик се користи до единственото средство – визуелниот медиум( видот). Говорниот јазик е линиарен ; во одредено време може да се произведе или прими само еден звук. Од друга страна пак,знаковниот јазик е визуелен; од еднаш може да се долови цела сцена. Информацијата што се пренесува, можзе да се каже на неколкупати и да се изрази симултано. На пример :Возев дотука. За да се додаде информација за возењето, реченицата ќе мора да се прошири или да се додаде и втора,како на пример возев дотука, по врнежливо време; или Возев дотука.Се беше во ред по пат. Меѓутоа, во Американскиот знаковен јазик, информациите за времето и патот се прикажуваат истовремено со фацијаните движења и позицијата на телото. Па така она што во говорниот јазик треба да се искаже со две или повеќе реченици во знаковниот може да биде со една.

Всушност, во поглед на синтаксата, АЗЈ е поблизок со говорниот јапонски отколку со англискиот.

Упортеба на знаци во слуховните заедници[уреди | уреди извор]

Гестовите се многу честа употребувани во говорниот јазик. Поразработен систем на рачна комуникација се развил на места или ситуации каде говорот не е доволен или дозволен, како манастирски религиозни заедници, при нуркање, за време на телевизиско снимање, гласни места, берза, безбол, лов итн. Во поново време се прават обиде, да се учат и охрабрат бебињата да го употребуваат знаковниот јазик пред да научат да зборуваат,бидејќи кога се толку мали може ефикасно да комуницираат со знаковен јазик уште пред да почнат да зборуваат. Ова се нарекува Бебешки знак. Исто така се покренува иницијатива да се користи знаковниот јазик кај неглуви деца или биз какви било аномалии, од евидентната корист на нормална комуникација без употреба на зборови.

Во случаи кога има превласт на глуви луѓе, целото населени го користи знаковниот јазик. Познати примери се знаковниот јазик на островот Мартас Вињард во САД, Ката Колок во село на Бали, Знаковниот јазик на Адаморобе во Гана, и Јикатек Маја знаковниок јазик во Мексико. Во вакви заедници глувите луѓе не се социјално назаднати. Многу од Австралиско- абориџинските знаковни јазици се издигнале во време на говорни табуа, како за време на жалење или отпочнување церемонии. Виско развиени биле или и уште се кај пламињата Валпири, Варумунгу, Диери и други и се засноваат на нивниот говорен јазик.

Телекомуникациско олеснување за знаковниот јазик[уреди | уреди извор]

Еден од првите примери за можностите во телекомуникациите да се помогне на корисниците на знаковниот јазик е кога се пушти во употреба АТ&Т видеотелефонот во 1964година на Светскиот саем во Њујорк- двајца глуви корисници можеа слободно да комуницираат, од кои едниот беше на саемот а другиот корисник во сосема друг град. Многу други произведувачи правеа истражувања за знаковна телекомуникација преку видео-телефоните. Сервисите за знаковно преведување преку Видео далечински преведувач (ВДП) или Видео преносен сервис (ВПС) се корисни денес каде едната страна е глува, наглува,или нема. Во вакви случаи преводот нормално оди на јазик со едно географско потекло,на пример Францускиот знаковен јазик на Француски јазик, Шпанскиот знаковен јазик(ШЗЈ) на шпански, Британскиот знаковен јазик говорниот англиски, и АЗЈ на говорен англиски (затоа што БЗЈ и АЗЈ се сосема различни. Повеќејазичниот знаковен превод е исто така во употреба,но сепак поретко (на пример од и на ШЗЈ, и од и на говорен англиски). Ваквите преводи се многу напорни за преведувачот, бидејќи знаковните јазици се различни природни јазици со посебна форма и синтакса.

Преку видео преводот, знаковните преведувачи работат наизменично со видео и аудио опрема, за преведувачот да може да ја види глувата или нема страна, и да пренесе на другиот и обратно. Сепак, видео преводот не може да се користи во ситуации кога и двете страни користат само телефон. Преводот преку ВДП и ВПС бара од корисниците да ја имаат сета потребна опрема. Некои понапредни технологии, му овозможуваат на преведувачот да ја движи камерата, во случај да треба да зумира или оддалечи од страната која покажува.

Домашно-знаковен јазик[уреди | уреди извор]

Понекогаш знаковните системи се создаваат во семејствата. На пример, ако родителите добијат глуво дете, природно ќе се развие неформален систем на знаковен јазик, освен ако родителите не се противат на тоа. Поимот за овие мини-јазици е Домашно-знаковен јазик.

Домашните знаци се појавуваат како недостаток на друг начин на комуникација. Во рамките на еден животен век а без поддршка и помош од заедницата, детето измислува знаци со кои си го олеснува својот живот. Иако ова не е соодветен начин за интелектуален развој и ни одблиску не ги задоволува јазичаричките потреби на едно дете, сепак е многу чест. Ниеден вид на Домашно-знаковен јазик не е признаен како официјален.

Поделба на знаковните јазици[уреди | уреди извор]

Иако знаковниот јазик на глувите се појавува нормално во заедниците на глувите, заедно или покрај говорниот јазик, сепак не се поврзани со него и имаат различна граматичка структура во својата основа. Група на знаковни јазици познати како рачно-кодирани јазици се попознати како знаковни форми на говорниот јазик, и затоа припаѓаат на фамилијата од нивните говорни јазици. Има мал број историски податоци за знаковните јазици, и само неколку обиди да се одреди генетската врска меѓу знаковните јазици, а не само едноставна споредба на лексички податоци, и дискусии за тоа дали одреден знаковен јазик е се дијалектни на јазик или на јазична фамилија. Јазиците се шират преку миграции, преку основање на училишта за глуви (најчесто од страна на странски предавачи), или поради политичко влијание. Јазичниот контакт е чест, но ова се отежнува поделбата на јазичната фамилија- и често е нејасно дали лексичката сличност е поради позајмување или еднаков родителски јазик. Се доаѓа до контакт меѓу знаковни јазика, меѓу знаковен и говорен јазик (контактен знак), и меѓу знаковен јазик и систем на гестови кои се користат на местото каде се наоѓа одредена заедница. Еден автор наведува дека Адаморобскиот знаковен јазик може да е поврзан со “трговско-гестовскиот жаргон кој се користел низ Западна Африка, по вокабулар и различни одлики вклучувајќи прозодија(метрика) и фонетика. БЗЈ, Ослан (Auslan) и НЗЗЈ се смета дека припаѓаат на јазична фамилија позната како БАНЗЗЈ. Поморскиот знаковен јазик Знаковниот јазик на Јужна Африка се исто така поврзани со БЗЈ.

  • Јапонскиот знаковен јазик, Тајванскиот знаковен јазик и Корејскиот знаковен јазик се дел од Јапонската знаковно јазична фамилија.
  • Француска знаковно јазична фамилија. Голем е бројот на знаковни јазици кои потекнуваат од Францускиот знаковен јазик (ФЗЈ), или се појавиле како резултат на контакт на локалната заедница на знаковниот јазик и ФЗЈ. Тука спаѓаат :Француски знаковен јазик, Знаковниот јазик во Квебек, Американскиот знаковен јазик, Ирскиот знаковен јазик, Рускиот знаковен јазик, Холандскиот знаковен јазик, Фламанскиот знаковен јазик, Белгиско-францускиот знаковен јазик,Шпанскиот знаковен јазик, Мексиканскиот знаковен јазик, Бразилскиот знаковен јазик и други.
    • Подгрупа на оваа група се јазиците на кои големо влијание имала AЗЈ, или се регионални збирови од АЗЈ. Понекогаш знаковниот јазик на Боливија се смета за дијалект на АЗЈ.
  • Тајландскиот знаковен јазик е мешан јазик кој потекнува од АЗЈ и првобитните знаковни јазици на Бангког може да се сметаат како дел од АЗЈ фамилија. Други јазици на кои АЗЈ има можно влијание се Знаковниот јазик на Уганда, Знаковниот јазик на Кенија, Филипинскиот знаковен јазик и Малезискиот знаковен јазик
  • Анегдотски додази посочуваат дека Финскиот, Шведскиот и Норвешкиот знаковен јазик и припаѓаат на Скандинавската знаковно јазична фамилија.
  • IСе знае дека Знаковниот јазик на Исланд води потекло од Данскиот знаковен јазик, иако постојат значителни разлики во вокабуларот поради различниот развиток
  • Израелскиот знаковен јазик потекнува од Германскиот знаковен јазик.
  • Според извештајот на SIL, знаковните јазици на Русија, Молдавија, Украина имаат голем дел лексички сличности и може да се дијалект од еден јазик или различни но поврзани јазици. Истиот извештај наведува на “грозд” знаковни јазици околу Чешкиот знаковен јазик, Унгарскиот знаковен јазик, и Словачкиот знаковен јазик. Во оваа група исто може да се приклучат и романскиот, бугарскиот, и полскиот знаковен јазик.
  • Оделни се Знаковниот јазик на Никарагва, Бедуинско Ал-саидскиот знаковен јазик, и Знаковниот јазик на Провиденс
  • Знаковните јазици на Јордан, Либан, Сирија, Палестина и Ирак (можно и Саудиска Арабија) е можно да се дијалект на поголема Источно арабиски знаковен јазик.
  • Единствената сеопфатна поделба која оди над едноставно наведување на јазиците датира од 1991год. Поделбата се заснова на 69 знаковни јазици од 1988издание на Етнологијата кои биле познати на конференцијата за знаковни јазици во Монтреал 1989год. и 11 нови јазика кои авторот ги додал по конференцијата.

Првична употреба на знаковниот јазик[уреди | уреди извор]

Има неколку значајни примери кога научници учат нечовечки примат основни знаци за полесно да комуницираат со луѓето. Примери за ова се:

  • шимпанза :Вашо, Лулис
  • горила : Мишел и Коко

Теорија на гестови за потеклото на човековиот јазик[уреди | уреди извор]

Теоријата на гестови наведува дека гласовниот човечки јазик се развил од знаковен јазик на гестови. Најважното прашање кое се поставува е,што е она што ја предизвикало промената во вокализација.

Говор на телото[уреди | уреди извор]

a
Проучувања за говор на телото

Говорот на телото е вид на невербална комуникација, и се состои од држење на телото, гестови, и движење на очите. Ваквите сигнали луѓето ги испраќаат и пренесуваат потсвесно.

Често се вели дека човековата комуникација е 93% говор на телото и парајазичарички заклучоци, додека само 7% се сведува на говорна комуникација. Сепак, Алберт Мехрабијан, истражувачот чиј труд од 1960год. е извор а овие статистики, вели дека дошло до грешка во неговите наоди. Други тврдат дека “истражувањето покажало дека 60 -70% од заклучоците се произлезени од невербално однесување. Говорот на телото може да даде заклучок за начинот на однесување или моменталната состојба на една личност. На пример, може да покаже агресивност, внимателост, досада, состојба на уживање, задоволство, забава, алкохолизирана состојба, и многу други.

Читање на говорот на телото[уреди | уреди извор]

Сигналите кои се испраќаат со говорот на телото не секогаш имаат за цел комуникација, туку понекогаш имаат и цел. И двете страни треба да го имаат на ум ова. Набљудувачите ја ограничуваат големината на невербална комуникација која ја испраќаат, а испраќачите на сигнали јасно ги покажуваат своите сигнали за пораката подобро да биде разберена. Тоа може да биде, прозевање, непокажување интерес, желба да се промени темата на разговор и слично.

Физичките движења како мавтање, покажување, допирање, и тапкање по рамо се форми на невербална комуникација. Науката за движење и говор на телото се нарекува кинетика. Луѓето ги движат своите тела кога разговараат бидејќи, како што покажа едно истражување, помага “го намалува менталниот напор кога комуникацијата е отежната”. Физичките искажувања може да откријат многу за личноста која ги користи. На пример гествите може да пренесат порака или да доловат цел, став може да искаже досада или голем интерес, а допирот може да охрабри или покаже внимание. Една од основните и најмоќни сиглани е кога личноста ќе ги прекрсти рацете, Ова наведува дека тоа лице или става несвесна бариера помеѓу себе и другите. Но исто така може да покаже дека рацете му се ладни што ќе биде надополнето со нивно триење. Кога целата ситуација е пријателска, може да значи дека личноста длабоко размислува за она што се збрува. Но во друга,сериозна или дуелна ситуација може да ознаши дека личноста се спротивставува. Типичен приемр е ако едната страна се оддалечува од говорителот. Намрштен или лут израз на лицето укажува на непријателство. Постојан поглед со очите укажува на тоа дека личноста е заинтереситана за она што говорителот го кажува. Но, исто така може да значи дека другата личност не му верува доволно на говорителот да го тргне погледот.Недостаток на контакт со очите може да биде негативен. Од друга страна пак луѓето со нервни проблеми често не можат да остварат контакт со очите без да се почувствуваат нелагодно. Уште од мали не учеле дека е културно да се гледа во очи додека зборуваш со некого но, честопати контактот со очите може да има друго, преносно значење. Ако на пример личноста ве гледа но во исто време е со прекрстени раце, контактот со очите може да значи дека нешто и ја вознемирува, и сака да зборува за тоа. Или дури иако за време на директниот контакт со очите сепак гледа и на друга страна, значи дека вниманието му е на друго место. Има три стандардни места кои човек ги гледа додека зборувате, и претставуваат различни стадиуми. Ако личноста гледа од едно око во друго па потоа во челото,значи дека заземаат авторитетна позиција. Ако гледаат од едно око во друго па потоа во носто,значи дека се ставаат на исто ниво, без некој да ја има водечката улога. Последното е гледање од едно во друго око и на крајот се завршува со устата.Ова укажува на романтични чувства.

  • Недовербата најчесто е искажана со гледање во на страна, или чешкање за уво или брада. Ако некој не е убеден во она што другиот го кажува, вниманието одлетува и очите зјапаат на друго место на подолго време.
  • Досадата се изразува со климање на главата од една на друга страна, или со гледање право во зборувачот но стануваат нефокусирани.
  • Заинтересираност се искажвуа со долг контакт со очите,правилно стоење и внимателно слушање.
  • Измама или некажување на некои работи може да се познае по тоа што личноста често го допира своето лице. Претерано терпкање е добар показателза некој што лаже. Но во поскоро време доказите укажуваат дека всушност намаленото трепкање исто така може да биде показател за лажење дури и поверодостоен од претераното трепкање.

Она што треба да се знае е дека луѓето различно го користат и разбираат говорот на телото,или воопшто и не го користат. Преведувајќи ги ваквите гестови и изрази на лицето во смисла на нормална употреба предизвикува недоразбирање (особено ако говорот на телото има пердност над говорниот јазик). Исто така треба да се наведе дека луѓето од различни култури различно го преведуваат говорот на телото.

Примери[уреди | уреди извор]

  • Раце на колена : покажува подготвеност
  • Раце на колкови : покажува нетрпение или можно е лицето да е нервозно
  • Споени раце зад грб : укажува на самоконтрола
  • Споени раце зад глава : доверба
  • Седење на стол со нозете горе : индиферентност
  • Нозе и стапала свртени во одредена насока: насока каде е насочен интересот

Говорот на телото е невербална комуникација која опфаќа употреба на стилизирани гестови, ставови, и физички знаци преку кои другите донесуваат заклучоци. Секојдневно, луѓето, понекогаш несвесно, испраќаат и примаат невербални сигнали.

Колку е честа невербалната комуникација[уреди | уреди извор]

Некои истражувачи го мерат нивото на невербална комуникација дури на 80% од сите комуникации а всушност е некаде 50-65%. Различни студии пак дошле до други заклучоци, кои покажуваат дека комуникацијата со изразите на лицето е за 4.3 пати почеста од вербалната, и дека шепотењето е 4 пати поразбирливо од правење фаци. Алберт Мехрабијан забележува дека комуникацијата се одвива вака 7%- 38%- 55%,зборови, тон, говор на телото. Сепак ова е само во случаи на изразување ставови и чувства.

Говор на телото и простор[уреди | уреди извор]

Личниот простор се однесува на “меурот” кој го замислуваме кога некој стои премногу близу до нас. Истражувањата покажуваат дека постојат 4различни зони на меѓупростор. Првата зона се нарекува интимна далечина и е од допирање па со 46 cm далечина. Оваа далечина е просторот околу нас кој е резервиран за саканиот/та, децата, како и за блиската фамилија и пријатели. Втората зона е наречена лична дистанца и е оддалечена околу една рака; почнува од 46 cm од нас и до 122 cm оддалеченост. Од оваа дистанца комуницираме со пријатели, разговараме со соработници, и групни дискусии. Третата зона на личен простор е јавната оддалеченост и вклучува се што е подалеку од 2.4м. Оваа зона се користи за говори, предавања, и театри; всучност јавната оддалеченост опфаќа поголем број на публика.

Ненамерни гестови[уреди | уреди извор]

Во последно време, голем е интересот за проучување на човековото однесување што може да биде корисно за развивање на интерактивен и приспособлив човек-машина систем. Ненамерните човекови гестови како чешање на око, допир на усните, сврбење на носот, чешање по глава, уво, прекрстување на раце, се погодни за спроведување информации во специфични содржини. Некои истражувачи се обиделе да ги вметнат овие гестови во одредени контексти на образовни планови.

Невербална комуникација[уреди | уреди извор]

Невербалната комуникација, е процес на комуницирање преку примање и испраќање на незборовни пораки, односно, јазикот не е единствениот извор на комуникацирање, туку има и други начини. НК може да се одвива со гестови и допир,говор на телото, или став, со изрази на лицето и контакт со очите. НК исто така може да се искаже преку начин на облекување, коса, па дури и архитектура, симболи. Говорот содржи невербални елементи познати како парајазик, како квалитет на глас, емоции и начин на зборување, како и прозни елементи како ритам, интонација, акцентирање. За невербална комуникација се смета и танцот. Слично на пишаните текстови, кои имаат невербални елементи како начин на пишување, пространо уредување на зборови, или употреба на емоции.

Сепак, поголемиот дел од истражувањата за невербална комуникација се фокусираат на интеракција лице в лице, и се дели на три главни подрачја : условите на околината каде се одвива комуникацијата, физичките одлики на личностите, и нивното однесување за време на разговорот.

Вербална vs. орална комуникација[уреди | уреди извор]

Специјалистите од ова поле строго го одделуваат терминот “вербално”, со значење “од или поврзан со зборови”, и не се служат со “вербална комуникација” како синоним за орална или говорна комуникација. Па така, звуковите кои не се сметаат за зборови, како гровтање или пеење на беззборовни ноти, се невербални. Знаковните јазици и пишувањето се општо прифатени познати како форми на вербална комуникација, затоа што и двете користат зборови- иако во форма на говор, и двете може да содржат парајазичарички елементи и често се наоѓаат покрај невербалните пораки. Невербалните комуникации може да се случат секаде ”Кога зборуваме(или слушаме), нашето внимани е фокусирано на зборовите а не на говорот на телото. Но во проценките на нештата се вклучени и двете. Гледачите истовремено ги примаат и вербалите и невербалните знакови. Говорот на телото самиот по себе не е позитивен или негативен ;но целосната ситуација и пораката ја дава крајната оцена.

Низ времето[уреди | уреди извор]

Првото научно истражување за невербална комуникација го направил Чарлс Дарвин, пренесено во неговата книга “Изразување на емоциите кај луѓето и животните” (1872). Тој тврди дека животните ги искажуваат нивните емоции преку изразот на лицето. Истражувањата сега се проширени на голем број полиња како лингвистика, семиотика, психологија.

Додека голем број на невербалната комуникација се заснова на неосновани симболи, кои се разликуваат од една до друга култура, голем дел пак се универзални и разбрани насекаде. Влијателните студии на Пол Екман од 1960, покажуваат дека изразите на лицето во ситуации на лутина, одвратност, страв, радост, задоволство, тага, изненадување се универзални.

Стил на облекување и одлики на телото[уреди | уреди извор]

a

Униформите играат функционална и комуникациска улога. Облеката на човекот од сликата, го идентификува како маж и полицаец; неговите беџови даваат податоци за неговата работа и ранг.

Физичките елементи како висина, тежина, коса, боја на кожа, пол, мирис, и начин на облекување испраќаат невербална порака. На пример, во едно истражување спроведено во Виена, Австрија, за облеката што ја носат жените кога одат во дискотеки(посебно оние без партнери), покажало желба за секс, и висок степен на сексуални хормони, особено кај оние што биле “повеќе соблечени отколку облечени”. Други спроведени истражувања покажале дека високите луѓе се попретставителни. Меламед и Божинел ги проучувале примерите за менаџери во ВБ и заклучиле дека висината влијае во унапредувањето на работа. Честопати луѓето се трудат да бидат повисоки(или да изгледаат повисоко), на пример, стојат на платформа кога сакаат да кажат нешто.