Ошлјани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ошлјани
Αγία Φωτεινή
Сретселото во Ошлјани
Сретселото во Ошлјани
Ошлјани is located in Грција
Ошлјани
Ошлјани
Местоположба во областа
Ошлјани is located in Воден (општина)
Ошлјани
Местоположба на Ошлјани во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°42.83′N 22°00.23′E / 40.71383° СГШ; 22.00383° ИГД / 40.71383; 22.00383Координати: 40°42.83′N 22°00.23′E / 40.71383° СГШ; 22.00383° ИГД / 40.71383; 22.00383
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Надм. вис.&10000000000000660000000660 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно261
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Рег. таб.ΕΕ

Ошлјани (грчки: Αγία Φωτεινή, Агија Фотини, до 1926 година Όσλιανη, Ослјани[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 261 жител (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа околу 13 км југозападно од градот Воден, во североисточните падини на планината Каракамен, на надморска височина од 660 м.

Историја[уреди | уреди извор]

Ошлјени се смета за многу старо село, бидејќи се води и во најстарите турски сиџили. познато по неговата улога во Негушкото востание од 1822 г.[3]

Кон крајот на XIX век Ошлјани се води како чисто македонско село во Воденската. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дела во 1873 г. во Ослене (Osléné) имало 30 куќи со вкупно 137 жители Македонци.[4][5] Во патописниот попис од 1870-тите Милош Милоевиќ забележал 15 македонски[6] куќи.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 50 жители, сите Македонци[4].[7]

Цялото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Омляни (Omliani) имало 120 Македонци[4] под патријаршијата.[8]

Поглед на Ошлјани
Споменик на грчката црковна пропаганда од Црковени, обиени во Ошлјани од ВМОРО

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото влегува во состав на грчката, кога имало 119 жители[3]. Истата година Панајотис Деказос, одговорен за земјоделство при Македонското управништво, го споменува Ошлјани (Όσλιανη) като село населено со „словеногласни елини“.[9] Во 1920 г. во селото се евидентирани 95 жители. Во 1926 г. Ошлјани е пременувано во Агија Фотини. Во 1928 г. населението се накачило на 107 жители.

За време на Втората светска војна во Ошлјани влегле бугарски окупациски сили, основајќи чета на паравоената организација „Охрана“.[10] Селото страдало и во Граѓанската војна.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Иако е планинско, селото доживеало пораст наместо намалување на населението, типично за другите вакви села.[3] Денес населението на Месимер останува целосно македонско и непроменето.[3]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 186 173 230 254 266 302 209 261
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Под, во лпк спаѓа и селото Под.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Иако е планинско и прилично пасивно, селото останува познато по дрводелството и претприемништвото. Во помала мера се одвиваат и сточарството и земјоделството.

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Όσλιανη -- Αγία Φωτεινή
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 54-55. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
  6. нарекувајќи ги „српски
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 149.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
  9. Δεκάζος, Παναγιώτης Α. "Η Νάουσα της Μακεδονίας: Οικονομολογική μελέτη της γεωργίας, κτηνοτροφίας και δασών της περιφερείας ταύτης". Εν Αθήναις, 1913.
  10. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  11. Илюстрация Илинден, 1938, бр.92, стр.12-15
  12. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 92.