Истибањска Клисура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Истибањска Клис. во рамките на Македонија
Истибањска Клис.
Местоположба на Инстибањската Клисура во Македонија

Истибањска Клисура или Очипалско-истибањска Клисураклисура во Македонија која се протега помеѓу Делчевска Котлина (од утоката на Овчеполска Река во Брегалница) кај с. Очипала, па сè до влезот во Кочанска Котлина, с. Истибања, помеѓу планините Голак од југ и Осоговските Планини од север, во должина од 39 км. Во овој дел Брегалница изградила повеќе меандри. Истибањската Клисура е епигентска. Првиот дел од клисурата е потопен со акумулацијата на Калиманци.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Географско друштво на СР Македонија, Македонско географско друштво (1976). Географски разгледи (14-17. изд.). Друштво.

Координати: 41°57′38″N 22°33′53″E / 41.96056° СГШ; 22.56472° ИГД / 41.96056; 22.56472