Охридски кочеџик
| Охридски кочеџик Охридска копривка | |
|---|---|
Дрвото во 2014 година | |
| Место | Охрид |
| Координати | 41°6′50.62″N 20°47′39.79″E / 41.1140611°N 20.7943861°E |
| Ознака | природна реткост |
| Прогласено | |
![]() | |
| Охридски кочеџик | |
|---|---|
![]() Интерактивна карта на Охридски кочеџик | |
| Вид | копривка (Celtis australis L.) |
| Висина | 15 м |
| Волумен на стебло | 10-12 м (крошна), 3-4 м (стебло) |
| Датум на садење | 1886 (воз. 139–140 г.) |
| Одржувач | Општина Охрид |
Охридски кочеџик[б 1] или Охридска копривка — дрво и природна реткост од јужна копривка (Celtis australis) кое се наоѓа во средишното градско подрачје на Охрид, во дворот на црквата „Пресвета Богородица Севидна“. Називот на природната реткост е Кочеџик во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Со ова дрво со статус на природна реткост управува Општина Охрид, а во име на општината, градоначалникот на Општина Охрид.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Дрвото се наоѓа во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“.[1] Поради својата местоположба на ридот Дебој, овој простор служи како природен видиковец од кој се пружа панорамски поглед кон езерото, пристаништето и својствентата охридска архитектура.
Опис
[уреди | уреди извор]Крошната е широко распространета, густа и со топчест до чадорест облик. Самото дрво е високо 15,0 м, стеблото е кратко пред да почне разгранувањето. Обемот на крошната е 10 до 12, а на стеблото 3-4 метра.
Кората на дрвото е мазна и сива, слична на онаа кај буката, но избраздена со специфични „брадавичести“ испапчувања што е случај кај стари дрва.
Старост
[уреди | уреди извор]Дрвото во 1886 година го засадил учителот Никола Чудов во чест на 1000-годишнината од упокојувањето на првоучителот Методиј.[2]
Во 1986-та година, во чест на 1100-годишнината од смртта на првоучителот и 100-годишнината од засадувањето на кочеџикот била поставена мермерна плоча со песна на Никола Чудо:[2] „Цел ден те баравме тебе, одвај те најдовме, тука ќе те засадиме со вода ќе те полеваме, те засадивме со надеж чувствата да ни ги распламтиш, како очите ќе те чуваме, вечно ќе се сеќаваме за споменот илјдалетен на јубилејот од Методиј!“. Во 2021 година била возобновена спомен-плочата покрај дрвото, која го потврдува неговото садење од страна на Никола Чудо во 1886 година.[3]
Состојба на кочеџикот
[уреди | уреди извор]Дрвото е витално и во добра состојба.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Дрвото во декември 2023 година
- Дрвото во мај 2022 година
- Дрвото во мај 2022 година
- Дрвото во мај 2022 година
- Дрвото во април 2022 година
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Р Е Ш Е Н И Е ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЕДИНЕЧНО СТЕБЛО КОЧЕЏИК ВО ДВОРОТ НА ЦРКВАТА СВ. БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТА ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ“ (PDF). Службен весник на Македонија. 16 јуни 2021. Посетено на 17 април 2026.
- 1 2 „Вековниот кочеџик, заборавен свидетел на охридскиот непокор“. Охридњуз. 21 мај 2013. Посетено на 17 април 2026.
- ↑ Во Охрид поставена спомен-плочата посветена на Никола Исаија Чудов
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Охридски кочеџик на Ризницата ?

